Со ладните временски услови доаѓа и потребата за топол пијалок кој ќе ви помогне да се згреете. Оваа листа ги вклучува 5-те најдобри зимски пијалоци.
Irish Coffee
Ова е еден од најбараниот зимски пијалок кој исто така е омилен ширум светот. Рецептот е многу едноставен, потребно ви е ирско виски, шеќер, крем и најбитната состојка е кафе со силна арома. Овој пијалок дефинитивно и во најладната зима ќе ве стопли и ќе ги размрда вашите сетила.
Hot Toddy
Ова е пијалок кој можете да го уживате во било кој дел од денот и независно од вашето расположение. Комбинација од чај, лимон и алкохолен пијалок кој ви е достапен во моментот. Покрај сите состојќи совршено ќе се вклопи и лажичка мед. Дозволете состојќите да се соединат, а вас ви преостанува само да уживате.
Bloody Mary
Врвниот пијалок за почеток на денот и уживање во спортот, пијалокот може да се опише како генијална креација која може да се подготви на повеќе начини и по ваша желба. Доколку сте љубители на зачинети појалоци овој е вистинскиот за вас.
Hot Buttered Rum
Овој коктел може да се опише како блак, зачинет и топол, ветувачки е дека по напорниот ладен ден овој пијалок ќе ве релаксира на секој можен начин. Ова е одличен класичен пијалок кој совршено ќе се вклопи доколку сте на кампување со вашите пријатели.
Rusty Nail
Врвниот пијалок во класата на Шкотски коктели, а и доколку сте љубители на виски вие треба да сте запознаени со овојо пијалок. Традиционално овој класичен коктел е направен од ” blended” скоч. Најдобриот избор за овој пијалок да биде комплетен е Glenlivet стар 15 години.