Тајландската кујна има тајна состојка!

by ugostitelstvo.mk

Кога патувате, покрај тоа што ќе посетите разни атракции ќе ги запознаете и традицијата и обичаите на народите, преку тоа што е слично и она што е различно со културата од која доаѓате.

Традиционалната кујна на другите држави е еден од најсигурните начини да се доживее атмосферата на земјата која ја посетувате. Што е тоа на кое прво ќе помислите кога станува збор за тајландската кујна? – Ориз, кокосово млеко и чили пиперчиња.

Може да се каже дека тајландската кујна не е ограничена со состојки и рецепти, изборот на зачини и лековити билки, морска храна, различни видови на тестенини, сосеви и многу повеќе – всушност, тајландксата кујна е премногу разновидна.

Сепак, со една рака ориз, кокосово млеко и чили, секогаш може да се подготви супер брз оброк во тајландски стил. Тоа секако не мора да биде кулинарско ремек-дело, туку да ве потсети на времето кое сте го поминале во земјата на насмевки  -Тајланд.

www.ugostitelstvo.mk

Сега, кога сте запознаени со најбрзиот начин да се подготви тајландски оброк, да ви ја откиеме тајната состојка на секое јадење – чили пиперката. Верувањето дека потекнува од Чиле е мит, потеклото на овој зеленчук всушност е од Ацтеките и нејзиното име во превод би значело “црвенитe”. Употребата на црвените лути пиперчиња е застапена речиси во сите традиционални кујни: мексиканската храна во целина е незамислива без чили, унгарската кујна изобилува со чили, а секако и главното обележје на азиската кујна е вкусот на лутата храна.

Во Тајланд, се користат свежи парчиња чили кои се сечат директно и се додаваат во јадењата кои се зачинети по вкус и тоа совршено го надополнува вкусот на рибата, а секако и ја нагласува аромата на другите зеленчуци.

Постојат бројни сорти на чили – околу 140, на почетокот тие растат зелени кои понатаму со созревањето тие стануваат црвени, а има и портокалови, бели и црни пиперчиња. Покрај тоа што се извор на калиум, магнезиум, железо и форсфор, пиперчињата се богати со витамини како што се Б6, витамин Ц и витаминот А.

www.ugostitelstvo.mk

Освен тоа што помага во зголемувањето на апетитот, чилито со витамините кои ги содржи, го зајакнува телото и го подобрува варењето на храната. Некои народи веруваат дека со постојаната употреба може да помогне во губењето на килограми, бидејќи значително го стимулира метаболизмот.

Сепак, да се заштититите од здравствени проблеми, народот од Тајланд ви препорачува умерено користење на тајната состојка.

Слични написи