Свински кременадли со зеленчук

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 5 свински кременадли
  • 1 кг. компир
  • 1 зелена пиперка
  • 300 г. шампињони
  • 1 црвен лук
  • 4 чешнички бел лук
  • 1/2 главици брокула
  • 2 моркови
  • сол
  • бибер
  • мешавина од суви зачини
  • брашно

Подготовка:

  1. Лесно истолчете ги кременадлите.
  2. Загрејте масло,а секоја кременадла тркалајте ја во брашното и ставајте ја да се пече.
  3. Извадете ги кременадлите и оставете ги на топло
  4. Исецкајте зеленчук, а лукот исечете го на четвртинки.
  5. Во тепсија ставете маст и масло, загрејте ја во рерна, извадете ја теспијата, и на врело ставајте го зеленчукот, па преку него редете ги кременадлите.
  6. Прекријте со алуминиумска фолија и печете околу 30 минути.
  7. Пред самиот крај, тргнете ја фолијата и оставете уште 10 минути да се запече.

Слични написи