Состојки:
- 750 г. свинско месо
- 250 г. кромид
- 100 г. сува сланина
- 8 зрна бибер
- 4 фиферонки
- 2 лажици зејтин
- 1 лажица брашно
- 1 ловоров лист
- оцет
- сол
Подготовка:
Парчињата сува сланина, исечете ги на коцки, а кромидот на тенки парчиња, па пропржете на загреан зејтин. Додадете го месото исецкано нс поголеми коцки и пропржете го да зарумени. Потоа додадете го ловоровиот лист, биберот во зрно, сол и целите фиферонки. Јадењето попрашете го со лажица брашно, промешајте, налејте половина литар млака вода и се заедно динстајте околу 1 час. Додадете малку оцет и шеќер (по желба) поради сладок – кисел вкус.