СОЛЕНИ РОЛНИ ОД ПАЛАЧИНКИ

by ugostitelstvo.mk

Потребни состојки:

  • 2 црвени пиперки
  • 6 јајца
  • 500 ml млеко
  • 150 g брашно
  • 4 лажички масло
  • 4 лажички путер
  • 150 g исечкана шунка на резанки
  • 150 g  сирење исечено на резанки
  • Сол и бибер
  • Салата за гарнир

Подготовка:

Пресечете ја пиперката на пола, извадете ги семките, па исечете ја на ленти.Јајцата изматете ги со млекото. Додајте го брашното, посолете и додајте малку бибер. Во еден сад загревајте по една лажичка од путерот и маслото.Од четвртина од тестото направете палачинки.Рерната загрејте ја на 200 степени.Кога ќе ги испечете, врз нив ставете четвртина од шунката и сирењето. Додајте четвртина од исечканата пиперка и тенко исечените резанки сирење. Замотајте ги и ставете ги во огноотпорен сад.Ставете го садот со палачинки во загреаната рерна и печете ги ролните од палачинки околу 5 минути. Извадете ги ролните палачинки од садот и исечете ги на подебели резанки од околу 3 cm и наредете ги на загреана чинија за подолго да останат топли. Декорирајте ги со листовите зелена салата.

Слични написи