Соединетите Арапски Емирати државен партнер на саемот за туризам во Белград

by ugostitelstvo.mk

Соединетите Арапски Емирати ќе бидат државен партнер на овогодинешниот 37-ми саем за туризам кој ќе се одржи од 19-ти до 22-ри Февруари.

Оваа информација која беше објавена од Министерството за туризам во Србија, денеска беше потврдена и од Државниот совет за култура и туризам од Абу Даби.

Статусот државен партнер на белгрдскиот саем за туризам, од 2009 година до сега, го имале Индонезија, Германија, Турција, Хрватска, Словенија и Тунис.

Саемот за туризам во Белград е една од најзначајните манифестации од овој карактер во целиот регион и спаѓа во групата на големи туристички манифестации во Европа, а на манифестација оваа година се очекува да се појават повеќе од 50 држави.

Според проценките се очекува саемот да биде посетен повеќе од 64 илјади посетители.

Слични написи