Слаткото задоволсто во стаклено пакување – Nutellа

by ugostitelstvo.mk

Нутела е име на слаткиот кремаст намаз од лешици, создаден од страна на италијанската фирма Фереро.

Кремот прв пат се појавил на пазарот во 1964 година, додека неговиот предходник Supercrem се има појавено на пазарот уште од 1951 година, сепак и Supercrem е развиен од преходен производ. Главната состојка на слаткиот намаз е лешникот што е произведен од околината Piedmont од каде и потекнува фамилијата на Peter Ferrero.

NutellaBreakfast

Во 1963 година по иницијатива на синот на Michele Ferrero кој одлучил да го усоврши предходниот произовод Supercremu со желба брендот да биде прошиерн во Европа тие направиле промена на состојките, сликата, а секако го промениле и името во “Nutella” добиено од англискиот збор “nut” што во превод значи лешник. Првата Nutella е излезена од фабриката на 20-ти април 1964 година. Истоимениот произов на семејството Ferrero им донел голем успех и е популарен се до ден денеска.

pancakes-with-nutella

Состојките на производот во фирмата на Ferrero е строго чувана тајна, според ознаката на пакувањето како главна состојка е наведен шекерот, различни растителни масла како и лешниците и какаото, сепак наведените состојки се само 20% од производот. Потребно е да се знае дека рецептот за Nutella во сите земји е различен, доколку пробате Nuttela во Италија ќе видите дека таа содржи помалку шеќер од таа во Франција.  На пазарот Nutella ќе ја најдете како крем од лешник бидејки според Италијанскиот закон таа не содржи колем процент на концентрат од какао за истата да биде крем од чоколадо.

Слични написи