Eggs Benedict е дел од доручекот кој се подготвува со англиски мафин.
Мафинот се сече на два еднакви дела кои се тостира и се промачкува со путер. Додека се сеуште топли врз едното лепче се става парче шунка или сланина, пиширано јајце кое се полева со холандаис сос. Идеалниот Eggs Benedict имаат мека и богата структура и поширани јајца кои можат да се соединат со сосот.
Сега можат да се најдат голем број на рецепти за овој вид на доручек, но еден од најкласичните е Eggs Florentine и Eggs Mornay каде наместо месо се користи пропржен спанаќ, а како сос го користат морнај сос.
Останатите варијанти за подготовка на овој вкусен и сочен доручек наместо англискиот мафин користете друга врста на леб, а сето тоа може да се приготви со други месни производи како сланина, лосос и ракчиња.
Денеска, Eggs Benedict е популарен оброк кој се послужува најчесто во хотели кои нудат ужина.