Ritz-Carlton со својот четврти хотел во Калифорнија [галерија]

by ugostitelstvo.mk

Ланецот на хотели Ritz-Carlton, го отворија својот четврти хотел со име Rancho Mirage, во Јужна Калифорнија. Одмаралиштето кое има 244 соби нуди прекрасен панорамски поглед кон долината Коачела.

Ултра модерниот дизајн е слика на типичниот Калифорниски стил на домашен ентериер. Собите, кои се опремени со елементи изработени од најквалитетно двро, располагаат со големи тераси, индивидуални камини и прекрасни погледи кон планината и пустината. Како и сите одмаралишта и ресорти на овој ланец, и овој хотел на своите посетители им нуди спа и фитнес центар со 15 соби за третмани, надворешни приватни кабини за туширање, одвоената просторија за релаксирање со водопад и директен поглед кон зелените површини на планината.

Големата понуда на храна, гостите во одмаралиштето може да одберат дали сакаат ја уживаат во интерактивната сала, главната сала за вечерање, приватна трпезарија со камин и директен поглед кон природата.

Менито за ова суперлуксузно одмаралиште го има подготвено главниот готвачот Бруно Лопез кој се одлучи за сезонска селекција на овошје и зеленчук, супа од пченка, филе мињон, свежа риба, свински кременадли и многу други специјалитети со домашни продукти.

[metaslider id=4792]

Слични написи