Разликата помеѓу сладоледот и Gelato-то

by ugostitelstvo.mk

Gelato е италијански збор кој се користи за сладолед, а потекнува од латинскиот збор “gelātus” (замрзнат.)

Gelato е името на светски познатата италијанска верзија на сладолед кој се разликува од обичниот сладолед во неколку основни работи: густината, застапеноста на шеќерот и температурата на која се чува. Причината за големата густина на ова слатко задоволсто е минималнниот процент на путер кој во себе го содржи. Во споредба со класичниот сладолед кој содржи 15 проценти путер, Gelato-то содржи само 8 проценти. Втората работа по која се разликуваат е процесот на обработка и мешањето. Имено,  gelato-то поради спорото мешање содржи помало количество воздух во себе, додека пак сладоледот, поради брзото мешање на состојките и времето за обработка во себе задржува поголемо количество воздух. Сепак, покрај овие две разлики во процесот на производство, gelato-то и сладоледот се подготвуваат од истите основни состојки: млеко, крем, шеќер и јајца.

SFONDO-GELATO-032

Уште една разлика во однос на сладоледот е температурата на која се чува gelato-то. За разлика од сладоледот кој се чува во замрзнувач на температура од -28 степени Целзиусови, gelato-то се чува на -17 или пак -12 степени Целзиусови, а се послужува на температура до -6 степени.

Слични написи