Предвидувања за ресторанските менија во 2015 година

by ugostitelstvo.mk

Се предвидува дека потрошувачите на брзата храна ќе ја зголемат својата претпазливост за храната која ја јадат и од каде таа потекнува. Според направеното истражување, консументите бараат од рестораните да се воведе мени кое ќе содржи поголем избор на здрава храна, а исто така, 81% од испитаницте рекле дека пред две години менито со здрава храна било поголемо.

10 најбарани јадења во 2015 година

Најбараните порции во рестораните за 2015 година се предвидува дека ќе бидат исти како и во 2014 година, почнувајки од локалните месни производи и морската храна кои останаа на врвот сè до крајот на оваа година. Во 2015 година, почнувајки од минимално преработена храна и природни состојки, најголем акцент ќе биде даден на минималното фрлање на неискористената храна со цел да се заштити животната средина.

Ова се 9те точки на кои се очекува рестораните да обрнат големо внимание на следните работи во 2015 година:

  1. Набавка од домашен производител на месо и риба
  2. Поголема употреба на домашни земјоделески производи
  3. Заштита на околината
  4. Здрава храна наменета за децата
  5. Користење на природни намирници и намелено користење на процесирана храна
  6. Користење на свежо месо
  7. Набавка на намирници од домашни производители
  8. Правилно менаџирање со отпадот што се добива со преработка на храната
  9. Зголемување на бројот на домашните фарми

Слични написи