Состојки
- Свежи шампињони (500 гр за двајца)
- 2-3 лукчиња
- 1/4 китка магдонос
- 1/2 лажичка мешан зачин
- Неколку лажици маслиново масло
- Сол и бибер по желба
Подготовка
- Свежите шампињони се мијат убаво, се цедат и се ставаат во поголем сад. Доколку печурките се поголеми, исечете ги на половинки или третинки. Доколку се помали, се приготвуваат цели.
- Лукчето и магдоносот се сецкаат ситно и се додаваат во садот со печурките.
- Се додава и зачинот, се посолува и набиберува по желба и во садот се додава маслиновото масло.
- Целата смеса убаво се меша и се оставаат печурките да отстојат десетина минути за да впијат од маслото и од зачините.
- Печурките се печат на скара додека не добијат убава жолто-кафена боја. Наместо на скара печурките можат да се печат и во грил тава (како на сликите).
- Послужете ги како додаток/прилог на омлет, ориз, јадења од месо или да се мезат самостојно, на пример со ракија или мастика.