Печено пилешко бело месо со зеленчук

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 2 лук
  • 200 г. домат
  • тиквичка
  • 2 парчиња пилешки гради со коски (од по 400 г.)
  • 150 г. крем сир со зачин
  • сол, бибер
  • 3 лажици масло
  • 125 мл. бело вино
  • 250 мл. пилешка супа од коцки.

Подготовка:

1. Исецкајте го лукот. Доматот исечете го на коцки, тиквичката на кругови.
2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Одвоите ја кожата од месото, но не сосема, туку да може пилешкото да се намачка под кожата со две лажици крем сир. Намачкајте и затворете со чечкалици.
3. Месото посолете го и додадете бибер, па ставете го во тепсија. Распоредете наоколу зеленчук, посолете и забиберете. Прелејте со масло и печете околу 30 минути.
4. Помешајте го останатиот крем сир со супа и вино, додадете го врз зеленчукот и печете уште 20 минути.

Слични написи