Печен карфиол

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 1 карфиол (околу 500 гр.)
  • 250 мл. јогурт
  • 1 лимон
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чили пиперка (по желба)
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка кари
  • сол, бибер

Подготовка:

Карфиолот измијте го и исчистете од коренот. Одвоите ги листовите и ставете на тепсија намачкана со масло.
Изматете го маслиновото масло со јогуртот и сокот од лимон. Додадете ги чили пиперката, лукот, карито и солта и биберот по желба. Карфиолот прелејте го со смесата од јогурт и печете во рерна загреана на 200 степени, 30 минути.

Слични написи