Особини на Германската и Италијанската кујна

by ugostitelstvo.mk

Готвење е чин на трансформација на прехрамбени состојки во јадење. Готвењето опфаќа широк обем на методи на термичка, хемијска и физичка преработка, примена на разновидни алатки и технологии, и креативна употреба на посебни комбинации на прехрамбени состојки, со цел да се подобри вкусот, изгледот или варливоста. Секоја кујна во себе содржи елементи или состојки кои ја прават поразлична од останатите, токму во овој артикал ќе ја имате можноста да се запознате со две светски познати кујни.

Германска кујна 

Германската кујна нема толку многу традиционални јадења како останатите земји и не е широко позната во светот. Но затоа секој германски град си има свое јадење по кое е познато и се одликува по истото.

Најпознатите германски супи се: баварска супа со топчиња од црн дроб (bayerische leberknödelsuppe), баварска супа од пиво (bayerische biersuppe), супа од леб (bayerische leberknödel).

header-kassler
Покрај супите во германската кујна, месните јадења, кои се најбарани, се свинската коленица, шунка со кисела зелка,  ражничи со кисела зелка и хамбуршки стек. Како љубители на месото, Германија е позната по производството на колбаси со  врвен квалитет и познати ширум светот, а најпознати се белите колбаси (хреновка, колбаси од црн дроб). Сепак тие покрај месните јадења на своето мени имаат и морска храна како што се рибата и ракчињата од северното море, а најпознати им се специјалитетите од ладни харинги. За целокупната кујна да го добие германскиот сјај, потребно е месото да се приготви со зеленчук како најбаран е компирот и зелката кој може да се најде во секое главно јадење.

Од регионите Рајна и Мозела германците се горди бидејки го добиваат најквалитетното вино кое совршено може да се вклопи со ценетите сирења како Tilster, Romandur и Spitz, а како главна локација на сите љубители на пивото Германија е позната и по богатата врста на пиво и главниот настан кој се одвива секоја година Oktoberfest.

Италијанска кујна

Минестрони е општ поим за супа во Италија, а се послужува во сите бистроа. Сепак минестроните се познати како густа супа која содржи големо количество на зеленчук и тестенини во која можат да се најдат топчиња месо или колбаси.

pprinc-3-56-220

Традиционалната италијанска кујна се состои од најразноврсни јадења почнувајки од тестенини со полнети со различни сосови, а секако тука завзема место и печеното месо кое се послужува со рендан пармезан. Ако во едно јадење не се вклучени тестенините тогаш сигурно е оризот дел од главното јадење.Едно од најпознатите главни јадења е Ossovuco – препечено телешко месо кој потоа се динстан со зеленчук, а се јаде проследено со чаша домашно вино.

Слични написи