Особини на Француската кујна

by ugostitelstvo.mk

Секој народ има своја изворна кујна – јадења кои се припремаат долго низ годините од намирници произведени на тоа подрачје, а се припремаат на традиционалниот начин на земјата која ја посетувате.

Народната кујна на еден народ ја обележува:

  • композицијата (состојки на јадењето)
  • начин на подготовка
  • култура на уживање во храната

Локалната кујна настанала од семејните кујни, а регионалната кујна се формирала од повеќе семејни кујни, националната кујна настанала од повеќе регионални кујни.

  • Француска кујна

Почнувајки од 18 век па се до денеска оваа кујна се смета за една од водечките кујни во Европа со најпрефинет вкус, најголем избор на јадења па и како една од најскапите.

Карактеристики на француската кујна се:

  • голем број на природни зачини
  • голем број на месни јадења
  • голем број на додатоци (гарнитури)

Француската кујна се состои од повеќе регионални кујни а тие се:

  • Нормадиска
  • Париска
  • Бретањска
  • Провансалска

Храната во Франција е поделени во неколку групи:

  • Француски вина
  • Регионална кујна
  • Градска кујна
  • Селска кујна

Француската кујна во минатото како и сега имаа има голем придонес во светската кујна како и во кујната на многу народи и светски готвачи.

– Кујната со (нова дата) која прва се појавила во Франција е позната како Нова француска кујна (cusine francaise nouvell) како и природната кујна (cuisine naturel).

frenshcuisine3 (1)

Cusine Nouvell

„Новата кујна“ е обновена и различна од традиционалната кујна таа бара секогаш да се користат свежи намирници со врвен квалитет.

Ладни предјадења – Главно се состојат од салати, комбинирани со месо кој пред послужувањето се зачинуваат со вински оцет или оревово масло.

Риба – Најчесто се чува во саламура приготвена од лук, свежи зачини и билки со цел рибата да го зачува својот природен вкус и мирис.

Месо – Се сече на парчиња и се платира за да остане сочно и лесно да се приготви.

Сосови – Остануваат природни и не ја губат својата густина.

Слатки јадења – Се состојат најчесто од лесни јадења подготвени со свежо овошје, а се послужуваат со ладни пијалоци.

Што е клучно за „новата кујна“

  • Се користат само свежи производи од врвен квалитет (забрането е користење на било каков конзервиран производ)
  • Се користат сезонски намирници
  • Се користат само природни зачини за зачувување на природниот мирис и вкус
  • Се избегнува долга термичка обработка на овие јадења кои се приготвуваат само по нарачка и се послужуваат во истиот момент
  • Се избегнува комплетно користење на тешки состојки, за густина на храната се користи слатка павлака и свеж путер, јајца и зеленчуков сок.
  • Се припремаат јадења со домашно сирење кои одговараат на националниот вкус.
  • Традиционалното мени е збогатено со нови креации и е прилагодено на новите потреби и новото време

 

Слични написи