Особини на англиската и ориенталната кујна

by ugostitelstvo.mk

Англиска кујна 

Во англиската кујна, како и во повеќето европски куни, појадокот е секогаш најважниот и најобилниот оброк.

Помеѓу најпознатите англиски супи кои се служат како предјадење се вбројуваат: шкотската супа која се приготвува со овчо месо и разни зеленчуци и говедската супа која претставува бистра супа што може да се послужува топла или ладна.

English-breakfast-with-fried-eggs

Англичаните секогаш сакаат на менито да има квалитетно говедско, пилешко, или пак, јагнешко месо а консумират значително помалку свинското месо. Од говедското месо тие најчесто јадат beefsteak, roastbeef, T-bone steak (полупечен на жар). Сите овие јадења се подготвуваат во најпознатите светски ресторани.

Yorkshire pudding 

Пудингот се подготвува со брашно, јајца, млеко и масло. Сите состојки се мешаат заедно а потоа се ставаат во огноотпорен сад и се ставаат во печк. По печењето се послужува како прилог на месото.

Како народ кој е навикнат на едноставна и здрава храна тие сакаат квалитетно и ниско калорично месо и зеленчук приготвен со путер. Рибниот пазар во Англија е познат по квалитетната и евтина риба, па затоа туристите кои ја посетуваат оваа држава најчесто се одлучуваат за рибините специјалитети.

Покрај познатите месни специјалитети, Англија е земја која е позната  по тоа што во неа се консумираат големи количества пиво, а располага и со многу светски познати жестоки пијалоци.

Ориентална кујна

Во ориенталната кујна, никогаш не се користат свинското месо и маст за подготовка на јадењата бидејки се забранети од исламската религија. Во оваа кујна најкористени се овчото, говедското, пилешкото и рибиното месо. За подготовка на овие месни јадења се користи говедски лој, путер и растително масло.

Многу месни јадења, како на пример ќофтето, ѓувечот, мусаката, бурекот, сармата и ќебапите ни се веќе познати бидејки се застапени во Медитеранската кујна и се подготвуваат на истиот начин.

Thai-Style-Grilled-Chicken-rgb-copy1

Десертното мени е  доста богато, но наместо со шеќер, десертите се подготвуваат со мед. Некои десерти  (баклава, кадаиф, туфакии) се ароматизирани со вода од роза и воглавно се премногу благи.

Како завршеток на обилниот оброк се послужува турско кафе кое се пие во било кој дел од денот.

Традиционално, во ориенталната кујна, за време на ручекот или вечерата сите јадења се поставуваат на масата а гостите треба сами да го изберат редоследот по кој ќе се служат од јадењата. Другиот обичај во оваа кујна е по вечерата да се понуди мезе кое се состои од сирење, тврдо варени јајца, зелена салата и разни печени или пржени меса. Мезето честопати е пропратено со соодветен пијалок.

Жителите на ориентот, ортодоксните муслимани, во изборот на храна и пијалок строго  се придржуваат кон верските обичаи:

  • Јадат само месо кое е дозволено од верата
  • Не јадат свинско, птичјо, рибино месо ниту ракови
  • За време на верскиот празник  Рамазан не пијат ниту јадат помеѓу изгревот и заоѓањето на Сонцето
  • Алкхолот им е строго забранет

 

 

Слични написи