Одмор на висока нога: 10 хотели помеѓу облаците [ВИДЕО]

by ugostitelstvo.mk

Доколку сакате хотелска услуга на висока нога, посетете еден од хотелите кои простираат до облаците.

Хотелот Ric Karlto во Hong Kong сместен е на последните 16 спрата во кула која е висока 483 метри, а едно преноќување во делукс соба чини 546 евра, објави сајтот Easy voyage.

 

Веднаш по Ric Karlto на листата се најде Grand Hyatt hotel во Шангај. Овој хотел се наоѓа во кула која е висока 492 метри, располага со 174 соби кои се простираат од 79тиот до 93тиот спрат во зградата на Светскиот финансиски центар во Шангај кој има 101 спрат. Хотелските соби имаат поглед кон целиот град и реката Huangpu. 

 

На трето место на листата на највисоки хотели се најде хотелот од ланецот на Four seasons кој се наоѓа во кинескиот град Guangzhou. Хотелот е сместен од 74 до 98-миот спрат во кулата на International Finance Corporation (IFC) која е висока 416 метри и има 344 соби.

 

http://www.youtube.com/watch?v=9BQA6DQwOVU

На четвртата позиција се најде добро познатитот ЈW Marriott Marquis кој е висок 355 метри, тоа е 22 сантиметри повеќе од хотелот кој се наоѓа во негова близина. Гостите на овој хотел можат да изберат една од 804 соби и да уживаат во еден од девете ресторани, пет кафулиња, спа центар и базен кој се простира на 30 квадратни метри.

 

http://www.youtube.com/watch?v=RGzSNZudEHw

Хотел кој се наоѓа на вештачки остров во Дубаи е петтиот хотел во светот по висина, но исто така и еден од најлуксузните хотели. Burј el Arab има 60 спрата и е висок 321 метар, хотелот е пивисок од Ајфеловата кула и Емпајер стејт билдинг. Нуди врна хотелска услуга па затоа и е единствен хотел во светот со 7 ѕвездички, отворен во 1999 година. Покрај приватниот хелидром, располага и со тениско игралиште кое се наоѓа на врвот од хотелот.

 

На шестото, седмото и осмото место се најдоа хотелите Park Hyatt Manhattan, Baiyoke Sky Hotel и Jumeirah Beach Hotel лоциран во Дубаи и сите тие се високи 300 метри.
Хотелот Sky се наоѓа на 88миот спрат, а воедно се води и како најголемиот хотел во Тајланд.  Хотелот Park Hyatt Manhattan има 200 соби, зградата има 90 спрата и 135 резиденцијални апартмани со поглед на централ парк, а отворен е во 2012 година.

 

Хотелот Jumeirah Beach Hotel е голем хотелски луксуз во Соединетите Арапски Емирати, отворен во 1997 година, располага со 598 луксузно опремени соби и апартмани, а воедно има и 19 вили кои спаѓаат во истиот хотелски комплекс.

 

На деветото место се најде Swissotel The Stamford Hotel во Сингапур, на висина од 282 метри, хотелот има пет ѕвездички. Во него се ноаѓаат два базени, десет ресторани, барови и спа-центри.

 

Како последен на листата е хотелот Grand Lisboa кој се наоѓа во Макау – Кина. Висината на овој хотел е 261 метар, а познат е по казината, ресотраните и необичниот облик на хотелот.

Слични написи