Најскапи апартмани во светот

by ugostitelstvo.mk

За неколку десетици илјади долари можете да купите стан или пак нов автомобил, но сепак истите пари можете да ги потрошите за само една ноќ во некој од луксузните хотели во светот.

Ви претставуваме некои од најскапите апартмани во светот.

The Royal Penthouse Suite, Hotel President Wilson, Женева, Швајцарија – од $65.000 за едно ноќевање

2

Овој апартман има 12 соби, 12 тоалети, а се простира на целиот спрат во овој хотел. Располага со специјални врати и прозори кои се отпорни на куршуми, сеф со големина на човек, посебен лифт и пристап до хелидром. Цената за едно ноќевање почнува од 65 илјади долари па се до 80 илјади.

The Royal Resort – Lagonissi, Атина, Грција – од $47.000 за едно ноќевање

3

Доколку резервирате апартман во оваа луксузна вила, вие ќе добиете приватен лет до Атина, приватен готвач, личен фитнес тренер па дури и пијанист кој ќе свири кога вие ќе посакате. Оваа вила располага со отворен и затворен базен.

Ty Warner Penthouse Suite, Four Seasons Hotel, Њујорк – од $45.000 за едно ноќевање

4

Сместен на 52 кат во хотелот Four Seasons, во цената на апартманот добивате гардеробер со големина на една соба, личен батлер, личен фитнес тренер но и личен возач кој ќе ве вози во Rolls Royce.  Сепак една од најголемите придобивки на овој апартман од 45 илјади долари е погледот кон целиот Менхетен.

Shahi Mahal Suite, Raj Palace, India – од $40.000 за едно ноќевање

5

Во минатото овој супер луксузен хотел бил палата, а тоа може да се види од богатиот и раскошен ентериер. Во апартманот во сите шест соби ќе добиете ентериер кој е изработен од злато и слонова коска, приватна кино сала и библиотека која располага со сите светски наслови.

Hilltop Estate, Laucala Island Resort, Фиџи – од $40.000 за едно ноќевање

6

Билионерот Dietrich Mateschitz кој е сопственик на 49% од акциите на енергетскиот пијалок Red Bull, воедно е и горд сопственик на овој луксузен ресорт на Тихиот океан. Станува збор за вила за која за едно ноќевање потребно е да се одвојат 40 илјади долари, а за да се направи резервација потребно е да бидете препорачани. Оние кои се доволно среќни да бидат препорачани ќе добијат приватен готвач, дадилка, инструктор за јавање, терен за голф и приватна плажа.

Sky Villas, Palms Casino Resort, Лас Вегас – од $40.000 за едно ноќевање

7

Покрај приватниот базен на самиот балкон со поглен кон срцето на Лас Вегас, ќе добиете и соба за масажа, приватен стаклен лифт и батлер кој ви е на располагање 24 – часа.

Champagne – Jewel Suite, The New York Palace Hotel, Њујорк – $25.000 за едно ноќевање

8

По реновирањето од 140 милиони долари, хотелот ги претстави новите апартмани како што е Champagne кој располага со винска соба додека пак апартманот Jewel е украсен со извонреден лустер од кристали располага со сопствен SPA центар.

Слични написи