Најдобрите градови за љубителите на кафето (фото)

by ugostitelstvo.mk

Ако сте светски патувач, а воедно и љубител на кафе тогаш треба да знаете во кои градови послужува најдоброто кафе.

HAVANA, CUBA

11

По падот во производството на кафе во Куба поради лошите временски услови, еконсомскиот пораст и кафе индустријата повторно покажуваат пораст оваа година. Некои кафетерии во оваа светка дестинација кафето кое го користат има потекло од Escambray и планината Sierra Maestra. Најзастапената врста на кафе во овој град е café cubano, а од него можете да добиете кремасто еспресо кое локалното население секогаш го пие после секој оброк.

MELBOURNE, AUSTRALIA

10

Познатиот светски бариста и Pete Licata има изјавено “Речиси е невозможно да најдете лоша шолја кафе во Мелбурн.”  Како домаќини на Urban Coffee Farm and Brew Bar, кое е дел од Melbourne Food and Wine Festival, ги препорачуваат Axil Coffeehouse Roasters и Dead Man Espresso за кафетерии кои несмеете да ги пропуштите доколку сте во посета на овој прекрасен град.

TAIPEI, TAIWAN

9

Цврстата кафе култура на овој град и големиот број на кафетерии помогнаа Таипеи да се најде во оваа листа. Зрната кафе овдека се секогаш свежо печени, мелени на одредена брзина за секогаш да го имаат силнит мирис и вкус. Независните кафетерии во овој град како што се Barbie Café, Paper Plane и Melange покрај тоа што ја градат кафе културата во Таиван и се натпреваруваат кој ја има најквалитетната шољја кафе тие секогаш ја користат својата креативност да направат свој уникатен пијалок – рече  Van Lin, со-основач на Gabee Café.

SAN FRANCISCO

8

Познат како град кој има најмногу кафетерии од сите градови во Соединетите Американски Држави. Мал ланец на кафетерии како Blue Bottle – највисоко рангирани во овој град комплетно ја менуваат културата во пиење на кафето каде им нудат на своите посетители five-light siphon bar

ROME

7

Рим секогаш ќе се наоѓа на листата за најдобри градови за кафе, Рим го дефинира начино на кој целиот свет го пие кафето, cappuccino, latte и macchiato се италијански термини, а пиењето кафе во овој историски град е искуство кое треба да се доживее. Пиењето кафе “од нога” е многу позастапено од познатото кафе за носење. Познатата и препорачана кафетерија Caffè Sant’Eustachio која го користи квалитетното 100 процентно Арабика кафе, зрната од оваа врста се споро печени за кафе со сладок вкус и ниска киселост каде што локалното население и туристите чекаат во ред за да уживаат во шољја кафе.

HONOLULU

6

Не дозволувајте природните убавини на Хаваи да ве измами, кога станува збор за кафе населението на Хаваи сериозно го сваќаат производството и квалитетот на кафе индустријата. Како трети на листата за најголем број на кафетерии во Америка се најде Хонолулу и е единствена држава која одгледува кафе за комерцијална употреба.Кафето Kona кое доага директно од оваа држава одгледано на богата земја, топли верменски услови и во непосредна близинана вулкани, а сетоа тоа резултира со уникатен вкус.

 

Слични написи