Македонијатурист во 2015 година предвидува 10% повисока добивка од лани

by ugostitelstvo.mk

Од “Македонијатурист” АД – Скопје проектирани се приходи и расхори од основната дејност на друштвото и истиот е базиран на:

  • Фактичката состојба на остварувањата во претходните три деловни години 2012,2013 и 2014 година
  • Остварувањето на приходите за деловната 2015 година е планирано со 5 (пет) подружници, односно без подружницата Хотел Бристол и Хотел Јадран кои согласно одлуките на органите на управување на друштвото поради континуиранo нерентабилно и неекономично работење не работат,како и без Ресторан Пивница
  • Реалните очекувања, проекции и можности на капацитетите, тековните и новите пазари за пружање на услуги
  • Политика на управување со ризик
  • Зголемување на ефикасноста на сопствените ресурси

При ваква политика проектирано е за деловната 2015 година друштвото да оствари раст на вкупните приходи од 4%, и вкупни трошоци приближно колку претходната година, а кое секако зависи и е во дирекна корелација и со планираните вкупни приходи, при тоа водејќи сметка и за рационализација на нематеријалните трошоци онаму каде за тоа постои реална можност, притоа без последици на квалитетот на пружените крајни услуги на корисниците на нашите хотелско угостителски услуги.

Планираните инвестиции за тековно и инвестиционо одржување се на пониско ниво од претходната година, и истите се планирани со помал обем со оглед на тоа дека неколку крупни зафати се завршени во изминатите години.

Бруто добивката која се планира да ја оствари друштвото за 2015 година е за 10% поголема од очекуваната остварена за 2014 год.

И покрај ваквите услови за работа, друштвото ќе настојува со максимална грижа при менаџирањето, проектираниот и усвоен Бизнис план за 2015 година да претсавува остварлива цел.

Превземено од: biznisvesti.mk

Слични написи