Македонија земја на богато културно наследство промовирана на саемот за туризам во Истанбул, Турција

by ugostitelstvo.mk

Успешно по четврти пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествуваше на “ЕМИТ” саем за туризам во Истанбул, Турција од 22-25ти Јануари, 2015.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година имаше успешно саемско промовирање, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда добро позната на турските туристи. Македонија земја на богато културно наследство, Македонија како земја на Кемал Ататурк и неговиот татко Али Риза ефенди кој е роден во Коџаџик, Дебар. Туристичкото промовирање е уште една одлична можност за продолжување на традиционалните, историски и културни врски помеѓу овие две земји.

“Задоволни сме од средбата со претставниците на асоцијацијата на туристички агенции од Турција- ТУРСАБ, на која е договорена посета на Македонија од нивниот менаџмент, тур оператори и новинари во првата половина на 2015 година. ТУРСАБ е основана 1972 година и е една од највлијателните институции во креирање и споведување на политтиките за туризам во Република Турција. Целта на посетата ќе биде запознавање со туристичките потенцијали на Македонија особено во делот на културниот туризам. Покрај информативниот дел ќе бидaт презентирани и бизанис можностите преку B2B средбите со локалните трустички агенции од Македонија ”- изјави економскиот промотор, Филиз Вели со која имаме одлична соработка во промовирање на земјава на турскиот туристички пазар.

“Турските туристи веќе неколку години се број еден посетители во Македонија. Годишно нашата земја е посетена од 70000 турски туристи со повеќе од 100000 оставрени ноќевања. Овој број очекуваме да расте во наредните години, со оглед на големата заинтересираност и на домашните дојдовни туристички агенции кои се коегзибитори на нашиот штанд и квалитетната понуда што ја презентираат на саеимите за туризам во Турција.  Успешните и продуктивни B2B средби со туристичките професионалци од Турција, како и мерката субвенционирање на туризмот се исплатливи за Македонија. Оваа година се планира и презентација пред членовите на ТУРСАБ во Истанбул, која се надеваме ќе ја зголеми заинтересираноста за нашата земја и ќе го зголеми бројот на турски туристи.” – изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Кристијан Џамбазовски.

Саемот за туризам во Истанбул, “Eastern Mediterranean International Travel & Tourism Exhibition” е место за повеќе од 4500 егзибитори од  71 земја, 63.230 туристички професионалци и повеќе од 130.000 посетители за четири дена.

Превземено од Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Слични написи