Македонија тренд дестинација за финските туристи

by ugostitelstvo.mk

 Успешното и континуирано претставување на Македонија на нордискиот пазар, како и зголемениот број на туристи од Финска е причина повеќе за учество на најголемиот нордиски саем за туризам “MАТКА” кој се одржува во Хелсинки од 15 до 18 Јануари, 2015.

По успешното саемско претставување што го имавме изминатите неколку години, како и успешната презентација во 2014 година на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Кристијан Џамбазовски кои се обрати пред повеќе од 25 тур-оператори од Финска презентирајќи ги условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за инвестирање во туристички равојните зони успеавме да покажеме дека Македонија има што да понуди на бизнис секторот и на нордиските туристи. Исто така Македонија е членка на финската асоцијација на туристички агенции-AFTA.

“Охрабрени од резултатите во земјите од Бенелукс со раст од над 550% туристи и успешната медиумска кампања која континуирано се спроведува на овој туристички пазар по овој пример настапуваме и во земјите од Скандинавија. Нордиските земји се на листата на највисоко субвенционирани за организиран туристички промет во Македонија со субвенции во износ од 65 евра по турист. Откако сме присутни на саемите за туризам бројот на туристи од Скандинавија изнесува повеќе од 11.000, со раст од 56% ”- изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Кристијан Џамбазовски.

“Значењето на саемот за Македонија се гледа во нашето континуирано претставување на нордискиот пазар. Упешни состаноци остваривме со тур операторите Aurinkomatkat, Apollo и Alpit кои се специјализирани за активен туризам, Perereisid за фамилијарни тури и FinnScan. Голема заинтересираност покажаа и претставниците од најголемата компанија за онлајн букирања на летови и сместувања  “eDreams” која има 14 милиони членови низ 42 земји во светот. На првиот канал на националната финска телевизија, една од најпочитуваните уредници на весникот MONDO, Kati Kelola ја претстави Македонија за тренд дестинација во 2015 година”- изјави претставникот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Никола Костадинов.

Претставниците на Агенцијата за туризам и оваа година со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда го доближуваат туристичкиот производ од Македонија на финскиот пазар. Македонскиот штанд е посетен од претсавници на бизнис секторот, се разбира од областа на туризмот и истите имаат можност да вкусат македонска храна и вино. Од 16ти јануари саемот беше отворен и за сите заинтересирани потенцијални туристи чиа посетеност се очекува да ја надмине бројката од 70.000 посетители, со оглед на фактот дека станува збор за еден од водечките саеми за туризам на Скандинавскиот полуостров. “Matka” е место каде може да се остварат успешни контакти со 15.000 професионалци од туристичкиот сектор од регионот на Балтикот и Русија.

Превземено од: Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Слични написи