Компир салата со јогурт

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • лажичка сол
  • 1 kg компир
  • 130 g јогурт
  • 130 g мајонез
  • 2 лажички шеќер
  • 3 главици кромид со средна големина
  • 3 лажици сок од лимон
  • лажичка сецкан магдонос

Подготовка:

1. Сварете го компирот во лушпа, излупете го и исечете го на коцки.  Во голема чинија измешајте мајонез, јогурт, лимонов сок, шеќер и сол. Додадете ги компирот и кромидот исецкан на престени. Протресете ја чинијата, за да ги соедините состојките.

2. Поклопената чинија држете ја на ладно најмалку четири часа пред да послужите.

Слични написи