Потребни состојки:
- 1/4 шолја брашно
- 2 лажици шеќер
- 1/4 прашок за пециво
- 1/8 лажичка сол
- цимет
- 1/2 лажица путер
- 2 лажици млеко
- 1-2 лажици свежи и замрзнати вишни
Подготовка:
1. Измешајте го брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта и циметот во чаша или керамички сад кој може да се стави во микробранова печка.
2. Во шолјата додадете го и омекнатиот путер, па со прсти промешајте се, така што ќе се добие грутчеста смеса. Мешавината треба да изгледа како влажен песок.
3. Додадете го и млекото, па добро измешајте, така што ќе исчезнат сите грутчиња. Тестото би требало да изгледа како стандардна смеса за мафини, па доколку е премногу густа ставете повеќе млеко.
4. На крајот, посипете вишни по површината, и со прстите гурнете ги малку надолу.
5. Ставете ги шолјите во микробранова печка 90 секунди на силна температура.