Кога се пие утринското кафе

by ugostitelstvo.mk

Дали додека се будите размислувате за првата голтка топло кафе? Тоа може да биде најбрзиот неприроден процес со кое вашето тело се буди.

Дали сте помислиле дека вашиот ден никогаш не почнува без утрински филџан кафе, а доколку го прескокнете кафето денот ви е значително поразличен од денот во кој сте имале утринско кафе?

Јапонскиот љубител на кафе Ryoko Iwata на неговиот блог објави 24 часовно истражување заедно со докторот Steven Miller на темата “I Love Coffee” во кој објаснија зошто треба да внимавате кога го пиете вашето кафе. 

Секое човечко тело различно реагира на кофеинот. Човечкото тело се води според 24 часовен биолошки циклус познат како дено-ноќен часовник. Еден од хормоните кој го раководи овој часовник е кортисолот кој не држи будни и активни, а неговата најголема активност е од осум до девет часот па доколку вие сте личност која го ужива своето кафе во овие утрински часови вие го нарушувате природното будење на вашето тело.

slika post

Со нормалното работење на кортисолот почнувајќи од 8 до 9 предпладне, 12 до 1 попладне и 5:30 до 6:30 попладне, вашата најефективна кафе пауза ќе биде доколку го пиете кафето помеѓу 9:30 до 11:30 предпладне и 1:30 до 5 попладне кога нивото на кортисолот значително опаѓа. Доколку е потребно вие да се разбудите во 5 наутро препорачливо е да го испиете своето прво кафе пред 8 часто.

За најдобар и најпродуктувен ден барем еднаш обидете се да го уживате вашето кафе во периодите кога највеќе ви треба.

 

Слични написи