Како се развива кафето

by ugostitelstvo.mk
ugostitlelstvo.mk

Секогаш лесно можете да препознаете зрно кафе, но доколку не сте живеле во земја каде што се одгледува кафе, вие нема да препознаете дрво на кое всушност расте кафето.

На дрвото со максимална висина од еден метар, покриено со темно зелена кора, кафето расте како топче кое е дел од гранките, пред да се оформи во цветови кои подоцна ќе дадат зрна. Потребно е една година топчето да порасне во цвет кој подоцна ќе даде зрело зрно кафе. Заради тоа што е повеќегодишно растение, не е невобичаено на едно дрво да се види цвет, зелен плод и зрело зрно. Едно дрво може да живее помегу 20 и 30 години и постојано да дава плодови на разни површини и временски услови, секако додека дрвото е здраво и без бактерии. Потребите на дрвото за да роди богат и здрав плод потрбно е да има постојани врнежи, квалитетна, осносно плодна, земја и умерени температури.

red berries

Ботаничка класификација

Корените на кафето од каде што потекнува дрвото влече корени од лоза позната како Coffea. Во рамките на овој род има повеќе од 5000 останати родови и повеќе од 6000 видови на тропски дрва. Родот прв пат бил претставен во 18 век од страна на шведскиот ботаничар Carolus Linnaeus, кој исто така го претставил и кафето арабика во 1753 година. Во комерцијалната употреба на кафето, познати и важни се само две врсти на кафе – арабика и канефор, најчесто познати како робуста.

Coffea arabica – C. arabica
врста: Bourbon, Typica, Caturra, Mundo Novo, Tico, San Ramon, Jamaican Blue Mountain

Овој вид потекнува од првите кафе дрва пронајдени во Етиопија, овие дрва даваат квалитетно, меко ароматично кафе кое е застапено 70% во светската кафе индустрија, а ја има и највисоката цена од сите врсти на кафиња во светот. Цената на кафето најмногу зависи од самиот квалитет и аромата која ја нуди кафето – генерално кафето арабика расте на 600 метри надморска височина па се до 1900 метри надморска височина, иако висината варира во зависност од близината на екваторот. Температурата потребна за добар цвет на овие дрва треба да биде умерена ниту многу топла ниту многу ладна, а исто така потребни се константни врнежи.

coffee-gift-bag

Coffea canephora – C. canephora
врста: Robusta

Најголемиот дел од каде што се увезува робуста се централна и западна Африка, но има и делови како што се југоисточна Азиа вклучувајки ја Индонезија, Виетнам и Бразил. Производството на робуста секоја година се зголемува за 30%, генетски робуста во себе носи хромозоми од арабика, а секое зрно има тенденција да биде позаоблен и помал од класичното арабика зрно. Робуста самото по себе е имуно на многу паразити и бактерии кои може да му одмогнат во давање на квалитетен цвет. Исто така, има предност што е во состојба да ги издржи потоплите клими, претпочитувајќи ја константа температура меѓу 25 и 35 степени целзиусови и константни врнежи.

 Ca-phe-hat-rang

Слични написи