Историја на македонското вино

by ugostitelstvo.mk

Виното  слободно може  да се смета како најстар производ на човештвото. Според некои непотврдени извори, првите траги на производство на вино кои датираат од 6000.год. пред нашата ера. на тлото денешна Грузија.

Производство на вино брзо се проширува и виното станува најважниот пијалок на кралевите на Месопотамија и Египет. По Египет културата  на винотот се шири прво во античка Грција, каде што првпат добива свој бог, богот Дионис, што ни дава идеја за улогата на виното кај античките Грци. Грците со освојување на Апенинскиот полуостров на него ја пренеслe културата на виното. Големо влијание врз ширењето на вино културата  во светот, а особено на концепцијата на лозовите насади во Франција имале старите Римјани. Главната улога во развојот на вино од 400-та година го презема црквата и монашки редови, кои во тоа време се грижиле за лозјата и за создавање на вино. Виното добива на религиозно значење и се повеќе се користи во верски обреди. Единствениот регион, кој во тоа време не бил под влијание на црквата бил  Бордо, каде од средината на XII век се занимаваа со комерцијално производство на вино и го снабдувалe британското царство .

wine-tasting-party-ideas-wine-glass

Македонија исто така има богата винска традиција. Урнатините во близина на населбата Стоби, во тиквешкиот регион, укажуваат на постоење на грозје и производство на вино во земјата дури и пред римското време. Македонската винска култура може да се проследи преку археолошки белешки од 7 век пред нашата ера. Од времето на Пердика I па понатаму македонските кралеви биле познати како големи потрошувачи на македонското вино. Оваа традиција продолжува и за време на Римската империја, каде што Македонија е една од најважните области за одгледување на грозје во империјата.

Словените, кои пристигнале во регионот на Балканот во шестиот и седмиот век ја прифатиле винската култура при што локалното вино се продавало во Виена и Будимпешта.  За време на осмалинското владење се зголемени насадите со ароматични сорти како Мускат Хамбург, Мускат Отонел, Темјаника што било одлика за целата Отоманската империја. Како и секаде во светот значењето на виното се зголемува со подемот на христијанството и виното било дел од речиси сите православни црковни церемонии. Во времето на владењето на  српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ тој доаѓа во Демир Капија и гради винрска визба од која се снабдувал кралскиот двор.

На овој имот се насадени лозја со францускиот сорти, но притоа не ги заборавиле автохтоните балкански сорти, Станушина, Вранец, Смедеревка, Жилавка и Прокупец кои сите се користат за производство на вино. По Втората светска војна македонската винска индустрија се зголемува и насадите во еден момент достигна 38.000 хектари, иако во моментов имаме 24.000 хектари, а годишното производство на вино е 120 до 170 милиони литри. Според климатските услови Македонија е класифицирана како една географска област, а тоа е, регион за производство на регионалното вино што се совпаѓа со целата територија на Македонија. Според климатските карактеристики и класификација на ЕУ, Република Македонија спаѓа во III – Cb зона за производство на вино, и ги усвои енолошките прописи за оваа зона.

Wine-white-red-grape-leaves-Box-Barrel-Bottle-Glasses

Република Македонија претставува една лозарска област, кој географски може да се подели во три лозарски региони: Повардарскиот регион (Вардарската долина, односно Централниот регион) – опфаќа 83% од вкупното производство. Пелагонија – Полошкиот регион (западниот регион) – вклучува 13% од вкупното производство, Пчински -Осогово (источниот регион) – вклучува 4% од вкупното производство, а најголем дел од производството на грозје и вино е во Тиквешкиот регион. Слободно може да се каже да тоа што е Бордо во Франција, Напа за Калифорнија – тоа е Тиквешкио регион за  Македонија и Балканот. Интензивна арома на македонските вина е резултат на комбинираното влијание на медитеранската и континенталната клима, со топли летни денови и посвежи ноќи.  Двете главни сорти се одгледуваат во Македонија – Вранец (црвено) и Смедеревка (бело) покрај овие две најпопуларни сорти се одгледуваат и  интернационални сорти.

Во Македонија официјално се регистрирани околу 80 винарски визби.  Во текот на последната деценија бројот на помали винарии ориентирана кон производство на високо квалитетно флаширано вино со софистицирана опрема и технологија брзо се зголемува. Сепак, како и во многу други земји поголемиот дел од производството и извозот на вино е претежно контролирана од страна на поголемите винарии.  Врз основа на фактот дека имаме идеални климатски услови се надеваме дека македонското вино наскоро ќе стане препознатливо од страна на потрошувачите на вино од целиот свет. Најголеми надежи се дека македонскиот Вранец ќе биде препознаен како “следното големо Црвено!”

Слични написи