Француски стил на послужување

by ugostitelstvo.mk

Овој стил на послужување е доста сличен со рускиот. Најчесто се користи во елегантни и скапи ресторани, хотели, казина, бродови итн. За разлика од рускиот стил на послужување, францускиот е поатрактивен бидејќи храната се готви или довршува, аранжира и гарнира пред гостите, а потребни се и двајца послужувачи, а во некои случаи има и сомелиер и послужувач за сместување на гостите.

Храната се изнесува од кујната на сребрени послужавници и се поставува на ГЕРИДОН (помошна маса).
Храната се довршува пред гостите, но само онаа која што треба да помине низ процес кој нема да потроши многу време, како што е сецкање, вадење коски, гарнирање и слично. Потоа се послужува на гостите на веќе поставени загреани чинии.

Елементите за поставување на масата се исти како и во рускиот стил:

  1. Чинија, чинија за путер.
  2. Големи нож, вилушка и лажица, нож за путер и вилушка и лажица за десерт.
  3. Чаша за вино или за вода.
  4. Салфета.

Слични написи