Eнергетски коцки за здрав живот

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 5 јајца, скршени однапред
  • околу 60 грама путер, стопен
  • 120 грама брашно
  • 120 грама овесни снегулки
  • 60 грама млеко во прав
  • 240 грама кафеав шеќер
  • по 120 грама боровинки, кајсии и јаболка, може и суви во текот на зимата.
  • 180 грама сечени ореви
  • 1 лажичка сол
  • ½ лажичка сода бикарбона

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на температура од 180 степени.
  2. Измешајте ги заедно сите суви производи, без плодовите.
  3. Искршете ги јајцата со путерот, додавајте ги сите состојки постепено и промешајте, а на крајот додадете во смесата овошје и ореви.
  4. Измешајте ги добро сите производи и истурете ги во подмачкана правоаголна тава за печење. Печете 30 минути, така што готовиот производ треба да е мек.
  5. Почекајте да се олади добро, а потоа исечете го на парчиња по избор (треба да се добие околу 24 во просек големи коцки).

Слични написи