Дознајте малку повеќе за тестенините

by ugostitelstvo.mk

Тестенините се вид суво тесто што се добива со мешање на брашно со вода или со млеко, а по желба може да се додадат и јајца, месни екстракти, пасиран зеленчук и друго. Тестенините може да бидат и полнети со месо, со сирење, со зеленчук…

Многу е веројатно, методите за изработка на тестенините да се развивале на различни места во светот независно, иако нивното потекло најмногу им се препишува на италијанците. Најраните извори за производство доаѓаат од Источна Азија пред 4000 години. Делумно се смета дека венецискиот трговец и авантурист Марко Поло ги донес тестенините од Кина во Европа. Како и да е денес макароните, шпагетите, полжавчињата лазањите и сите други форми на тестенини се глобално распространети и речиси и да не постои кујна во која што не се користат.

4344757d651127878f229ee26b960e2e

Обично, тестенините се делат на фабрички, домашни и на производи сродни на тестенините, како леб, различни теста од брашно, кнедли итн. За сите видови на тестенини важи правилото дека претходно треба да бидат сварени, исцедени од водата, загреани по потреба и зачинети на еден од четирите можни начини: англиски начин (се додаваат парчиња путер), француски начин (се загреваат со путер), неаполски и милански начин. За неаполскиот начин, се подготвува неаполски сос (сос од домати, пропржен кромид, ситно сецкана димена сланина и рендан морков и сето тоа се пасира) и рендано сирење. За миланскиот начин на зачинување на тестенините се подготвува милански сос (сос од домати, пропржени парченца шунка, сушен говедски јазик и шампињони) и рендано сирење.

img_2980Интересно, според италијанската традиција сосот што ќе остане во чинијата откако ќе се изедат тестенините се “замацува” со парче леб.

Слични написи