Секој Италијанец познава мали трикови што ги научил од родителите, а тоа се токму тие мали нешта кои ја прават разликата – практично, корисно и штедливо. Ова се 15-тина трикови кои што само Италијанците ги знаат.
- ИТАЛИЈАНСКА ХРАНА
Многумина се љубители на италијанската кујна а исто така би сакале да дознаат нешто повеќе за подготовката на храната на начин на кој италијанците тоа го прават. За почеток доволно е да ги имате свежите автентични состојки а понатаму се се сведува на техника.
- КОГА ЖИВОТОТ ВИ ДАВА ЛИМОНИ … Направете ЛИМОНЧЕЛО
Благодарение на изобилството од лимони, и секако од практични причини како би уживале во овие плодови во текот на целата година, Италијанците подготвуваат вкусен ликер од лимони во кој уживаат после јадењето.
- GRAPPA или SAMBUCA додадени во кафето го помагаат варењето
Чувството на подуеност после обемниот ручек тие го отстрануваат со нивното “Caffe corretto”. Со додавањето неколку капки од нивната ракија (Grappa или Sambuca) во шолја Еспресо, се олеснува варењето и по обилниот оброк се намалува чувството на подуеност и ќе се чувствувате орни и полни со енергија.
- ПРИ ПОДГРЕВАЊЕ на сос за тестенини додадете вода ОД ТЕСТЕНИНИТЕ
Еден од најдобрите совети на мама е во сосот за тестенините да додадете лажица од водата во која се вареле тестенините. Тоа ќе згусне сосот и ќе го направи кремаст.
- ПРСТОФАТ ШЕЌЕР во сосот од домати ќе го направи ПОМАЛКУ КИСЕЛ
Доматниот сос често пати може да биде кисел а со додавањето шеќер во сосот неговата киселина ќе се неутрализира.
- Пред да ви овене босилекот, направете од него песто
На крајот на есента оваа декоративно и мирисливо растение од вашите саксии или градини, несомнено дека ќе овене. За да не отиде фира, искористете го за подготовка на вкусо песто. Додадете во него маслиново масло, лук, пармезан и пињоли, па толчникот или блендерот во рака, и ќе добиете одличен прелив за тестенини. Ако немате пармезан, слободно заменете со ореви и биено сирење, нема да погрешите. Чувајте го во мали садови во замрзнувач и одмрзнете непосредно пред подготовка на тестенините.
- Посолете ја водата за тестенините кога ќе почне да зоврива
Додавање сол во водата пред да зоврие, може да остави дамки на садовите а таа секако само ја зголемува температурата на вриење на водата. Затоа додадете сол во водата откако ќе почне да врие.
- Сокот од лимон го сузбива мирисот на лук на прстите и даските за сечење
Италијанците често пати го користат изразот “помалку е повеќе”, но ова правилот го применуваат само кога не станува збор за лук. Бидејќи тие го користат во големи количества, секогаш пред да почнат со подготовка на храната, даските, приборот и прстите ги премачкуваат со половина лимон за да ја неутрализираат силната миризба.
- Кога Рижотото е готово, отстранете го од огинот, додадете путер и промешајте
Мантекатура е метод за додавање на ладно исечкани коцки путер и Пармезан на рижото. Откако рижотото е готово, извадете го од шпоретот и измешајте енергично. Студениот путер го запира процесот на готвење на оризот и ќе спречи да биде преварен и слепен.
- Исчистете ја чинијата со парче леб
Со парче леб исчистете ја чинијата од остатоците од храната. Така ќе го отстраните вишокот течности и остатоци од храна а и ќе и олесните на домаќинката.
- Удвојување: печење и тестенини
Традиција на Италијанците е да го користат сосот од печењето за подготовка на сос за тестенини.
- Употребете го остатокот од рижотото за подготовка на Rissoto al salto
Преостанатото рижото што не се изело, може да го искористите за подоготовка на вкусен оброк. На тава растопете путер а потоа прелијте го врз рижотото. Потпечете до светло кафена боја а потоа превртете го наопаку и потпечете и од другата страна. Послужете го со пармезан.
- Употребето го остатокот од тестенини за Fritata di pasta.
Тестенините што ви преостанале измешајте ги со матени јајца, сол и бибер, ставете во тава и потпечете. Ќе добиете вкусни потпечени тестенини.
- Додавањето маслиново масло во водата спречува да се залепат тестенините
Попречето го слепувањето на тестенините со додавање неколку капки маслиново масло во водата.
- Кога готвите брокула додајте оцет во водата
Неколку капки оцет во водата го попречуваат ширењето на непријатната миризба на брокулата.