Како се послужува сирење

by ugostitelstvo.mk

Сирењето е свеж или ферментиран млечен производ кој се добива со одвојуванње на течностите после згуснувањето на млекото.

КЛАСИФИКАЦИЈА И ВИДОВИ НА СИРЕЊЕ

Според тоа колку млечни масти содржи во сувите материи сирњето се дели на:

  • екстра масно сирење – содржи најмалку 55% млечни масти;
  • полномасно сирење – содржи најмалку 50% млечни масти;
  • масно сирење – содржи најмалку 45% млечни масти;
  • три четвртини масно сирење – содржи најмалку 35% млечни масти;
  • полумасно сирење – содржи најмалку 25% млечни масти;
  • четврт масно сирење – содржи најмалку 15% млечни масти;
  • посно сирење – содржи помалку од 15% млечни масти.

Според конзистентноста, содржината на водата и начинот на произведување, постои:

  • тврдо сирење;
  • полутврдо сирење;
  • меко сирење;
  • свежо сирење;
  • сирење за мачкање.

КАКО СЕ ПОСЛУЖУВА СИРЕЊЕ

Сирењето во мали пакувања завиткано со станиол, масна хартија или алуминиумска фолија, во количина до 100 грама по правило не се сече на помали парчиња. Послужувачот пред масата на гостинот, со помош на виљушка и нож го отвора пакувањето, сирењето заедно со пакувањето го става во чинија и го послужува гостинот. Ако на количката за принесување се наоѓаат повеќе видови на сирења кои треба да се сечат, тогаш со нив се носат и повеќе видови на ножеви со кои ќе се направи тоа, бидејќи со ист нож не може да се сечат различни видови на сирење кои се различни по цврстина, мирис и вкус. Се сечат плочки сирење и се ставаат под стаклено или пластично „звоно“, особено ако се изложува пред гостите. Сирењето не смее да се замрзнува, бидејќи доаѓа до промена на неговата структура, со што се нарушува квалитетот.

sirenje

Додека се сече меко и масно сирење, сирење богато со мов и сирење кое по конзистентност е слично на него, треба да се сече со затоплен нож, бидејќи во спротивно сирењето ќе се рони, крши и тешко ќе го исечете.

Гостите очекуваат младото и свежото сирење навистина да биде младо и свежо, зрелото да биде зрело, а не недозреано или презреано, тврдо и невкусно. Докажано е дека зрелото сирење помага во варењето на храната. Сирењето богато со мов, сино и бело, не треба да го препорачувате на гости кои имаат потешкотии со варењето на храната, а со него треба да служите и повеќе леб и путер.

Така нареченото „блок“ послужување на сирење е кога сирењето се сече пред гостинот и кога тој сам одлучува за големината на парчето.

Со сирењето треба се послужува повеќе видови на леб, препорачливо би било тоа да е интегрален вид на леб, од цело зрно на ‘рж, пченка, јачмен или пченица. Некои видови на полумасно или посно сирење може да се послужат и како ладно предјадење, во својот изворен (оригинален) облик или преработено како крем сирење, намаз и сл.

Сирењето може да се послужи како независно јадење, како дел од појадок, ручек или вечера. Сирењето треба да се нуди на што поинтересен начин, убаво презентирано пред гостите, за тие да можат што полесно да одлучат какво сирење сакаат. Гостите можат да се запознаат со различните видови на сирење на повеќе начини:

  • ставете го сирењето на истакнато место на масата;
  • ставете го сирењето на впечатливо место на помошната маса- геридон;
  • понудете го сирењето на гостите на количката за принесување;
  • понудете го преку листата на јадења, мени – À la carte и дневно мени.

На гостите им одговара да им понудите повеќе видови на сирења. Во некои угостителски објекти во странство на количките за принесување на гостите им се нудат од 10 до 15 видови на сирења. Ако гостинот го зема сирењето како ладно предјадење, треба да му се препорача младо, помалку масно сирење, со пикантен вкус, во количина од 50 до 100 грама. На гостинот кој сака тополо предјадење од сирење, може да му се понуди некое полутврдо или тврдо похувано сирење.

sirenje

На гостинот кој сака сирење на крајот од оброкот, за да го надополни она што не било доволно во менито, по количина или енергетска вредност, му се препорачува зрело и масно сирење. Гостинот кој сака по завршувањето на оброкот да продолжи со уживање во виното, му се нуди масно или екстра масно, зрело сирење.

Сирењето кое треба да се сече, се става на даска и се сече во количината која тој ја сака. На пресечените кришки сирење им се отстранува кората. Исеченото сирење се става на десертна или голема чинија.

После кој дел од оброкот се служи сирењето, зависи од обичаите и традицијата на народот. Французите и Италијаните го јадат сирењето после последното солено јадење, а пред десертот, и сметаат дека така им е најпрактично, бидејќи можат да продолжат да го пијат виното кое го пиеле и со претходното јадење. Германците и Англичаните пак, сакаат сирењето да им е последното јадење од оброкот, за да можат и после тоа да продолжат со разговорот и дружењето, без да порачаат следно јадење.

ПРИБОР ЗА СИРЕЊЕ

Од приборот за јадење, со сирењето, се носат виљушка и нож. Ако со сирењето се служи и путер, тогаш треба да има и нож за мачкање. Врз изборот на сирење, како и неговото послужување и јадење, значајно влијание имаат стекнатите регионални навики.

продолжува …


За информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи