Тортелини со 4 вида сирење

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 150гр тортелини
  • 30гр горгонзола
  • пекорино
  • 50гр кравји кашкавал
  • 30гр овчи кашкавал
  • 100мл павлака за готвење
  • 100гр шампињони
  • сол
  • црн пипер
  • 50мл масло
  • чешне лук

Подготовка:

Во солена вода ставете која врие ставете ги тортелините да се варат, додека тие се варат подгответе го сосот, шампињоните исечкајте ги на тенки листови, чешнето лук исечкајте го ставете го во загреано масло да се пропржи, додадете го црниот бибер заедно со шампињоните во маслото оставете ги да динстаат се додека не испари течноста, додадете ја павлаката за готвење промешајте се заедно 5 минути. Сварените al dante тортелини ставете ги во сосот, додадете ги сирењата и внимателно промешувајте се додека не се соедини целата смеса.

Нека ви е наздравје

Слични написи