Типови на послужување – Руски стил на послужување

by ugostitelstvo.mk

Рускиот стил на послужување се одликува со високо ниво на формалност и елеганција. Потребен е само еден послужувач, но секој гостин добива големо внимание. Храната е целосно подготвена во кујната и атрактивно аранжирана на сребрени послужавници. Рускиот стил на поставување на маса бара масивен сребрен прибор, а вообичаените елементи се:

  •  Чинија, чинија за путер.
  • Големи нож, вилушка и лажица, нож за путер и вилушка и лажица за десерт.
  • Чаша за вино или за вода.
  • Салфета.

Бидејќи рускиот стил на послужување е стил со повеќе гангови, заедно со гангот во кој се служи храна која се јаде со прсти и на крајот на оброкот, се поставува и длабока чинија за плакнење. Во оваа чинија има млака вода и ливчиња од ружа или резанки од лимон и се користи за плакнење на прстите. Обично е поставена на помала тацна или чинија, често со тркалца, на средина од масата.

Послужувањето започнува со принесување на загреана чинија пред секој гостин од десната страна, а послужувачот се движи околу масата во правец на стрелките на часовникот.
Потоа послужувачот ги принесува послужавниците со храна од кујната и ги претставува на гостите. Од левата страна на гостинот, држејќи го послужавникот во левата рака со голема лажица и вилушка во десната рака, послужувачот го префлува посакуваното количество на храна во чинијата на гостинот. Послужувањето се одвива спротивно од стрелките на часовникот, а преостаната храна се враќа во кујната.

Валканите чинии се расчистуваат од како сите гости ќе завршат со оброкот.
Придобивките од рускиот стил на послужување е дека тој е елегантен и брз и нема потреба од место за додатна опрема или садови. Исто така потребен е само еден послужувач. Негативното во овој стил е што бара поголема инвестиција во сребрен прибор и број на послужавници, посебно кога секој гостин ќе нарача различен оброк. Затоа овој стил на послужување е корисен на банкети или пригоди каде што сите гости добиваат исти оброци.


За информации и консултации:

Regent Club – Training Center

тел. 02 / 3119-615
[email protected]

Слични написи