Светот на виното во Шангај, во организација на магазинот Decanter

by ugostitelstvo.mk

Светски познатиот магазин Decanter, специјализиран за винската индустрија, неодамна на првиот шангајски вински собир насловен како Decanter Shanghai Fine Wine Encounter, обедини над 100 икони од светот на виното.

На настанот одржан во The Ritz-Cartlon хотелот во Пудонг, преку 1000 страсни обожувачи на виното имаа ексклузивна можност да присуствуваат на семинари, дегустации и предавања одржани од светски признаени познавачи на напитокот на боговите.

SHUL5699

Директорите на најдобрите пет винарии од регионот Bordeaux: Châteaux Lafite-Rothschild, Latour, Margaux, Haut-Brion и Mouton-Rothschild, за прв пат се појавија заедно во Кина, со цел да одржат специјализирани предавања и дегустации на вино од нивните познати винарии.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на страната на магазинот Decanter.

Слични написи