Шведски сомелиери во посета на Македонија

by ugostitelstvo.mk

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот согласно програмските активности во 2014 година за развој на винскиот туризам во Македонија, во месец ноември организираше Инфо тура за сомелиери, блогери и угостители  од Шведска. Гостите беа во посета на Македонија по покана на амбасадорот на Р.Македонија во Шведска, Александра Накева Ружин.

Гостите од Шведска беа во посета и туристички разглед на Скопје, Кањон Матка, посетија повеќе винарии во Скопје и Кавадарци. Остварија бизнис средби со менаџерите на македонските винарии и истите се заинтересирани за извоз на квалитетни вина од Македонија. Од тридневната посета на Македонија беа воодушевени од гостопримливоста и специјалитетите од традиционалната македонска кујна.

 Групата сомелиери ја сочинуваа:

Torsten Rundqvist член на Munskänkarna- Шведска асоцијација за дегустација на вина. Во 2006 година тој го започна првиот шведски блог за вино “FinareVinare”. Во чест на неговиот кредибилитет е интервјуиран во инаугуративната епизода на “Share a bottle/Delaenflaska”, првиот шведски подкаст за вино од писателот Alf Tumble. Torsten Rundqvist е сертифициран сомелиери и вински едукатор за двете највисоки нивоа на Munskänkarna сомилиерските курсеви.

Magnus Reuterdahl е шведски вински блогер. Тој започна со блогирање на Magnus Reuterdahl’svinblogg Aqua Vitae од 2007 во Шведска. Од 2013 година тој е дел од редакцијата на дигиталниот сајт за вино и храна “DinVinguide.se”. Тој е исто така еден од основачките на онлајн заедница “winelover” со околу 18.000 членови.

Pontus Lindqvist угостителски професионалец со долгогодишно искуство во ресторанскиот и хотелскиот бизнис. Студирал хотелски менаџмент на EcoleHôteliere во Лозана, Швајцарија. Своето професионално искуство го градел во Париз, Нујорк и Швајцарија. Моментално работи како менаџер во Grand Hotel во Стокхолм, Шведска. Lindqvist е основач и сопственик на фирма увозник на вино. Прв шведски увозник на вина кои се фокусираат  на увоз на вина од Источна Европа и Балканот овозможувајќи им на Швеѓаните да го откријат и да уживаат во вкусот на овие вина од автохтони вински сорти и локални карактеристики. Во моментов, компанијата се стреми кон партнерството со винарски визби кои се заинтересирани за дистрибуција преку шведскиот државен монопол, Systembolaget.

Erin Stockton по потекло од Калифорнија работи како ресторански менаџер и сомелиер. Ерин во Стокхолм, Шведска заедно со реномираниот шведски сомелиер Lars Trogen го води винскиот бар “Gaston”.

Превземено од: Агенција за промоција и подршка на туризмот

Слични написи