Шпанската “Telepizza” – спас за хотелските гости

by ugostitelstvo.mk

Шпанскиот ресторански ланец – Telepizza, кој во моментов располага со 1200 пицерии во Шпанија, Полска, Кина, Португалија, Колумбија и други земји, е чест избор на голем број гости во хотелите низ светот.

Како најпознат ланец на Телепица веќе неколку години соработуваат со повеќе од 550 хотели во Шпанија. Ланецот на хотели Holiday Inn, Catalonia Hotels и NH во својата собна послуга го имаат додадено менито од оваа позната пицерија од една едноставна причина: Со ова мени гостите кои сакаат да вечераат во доцните часови им е отворена можност без многу напор да нарачаат вкусна и топла хрна и по затварањето на хотелската кујна. Овој вид на услуга е воведен и во Полска преку ланецот на хотели  на Ibis budget, но засега специјалитетите на овој бренд се достапни само во девет објекти.

Хотелите за Telepizza се богат извор на потрошувачи, месечно примаме по 100 нарачки од хотелоите на Ibis budget. Одичните резултати не доведоа до размислување за склучување договор со други хотелски ланци. Се надеваме дека ваквата соработка ќе трае многу години

 Iwona Olbryś извршен директор на Telepizza во Полска

 

Слични написи