Ролат со шунка и сирење

by ugostitelstvo.mk

Состојки за тесто:

  • 1 јајце
  • 100гр брашно
  • 200мл вода
  • 2гр печиво
  • сол

Состојки за фил:

  • 50гр бергардер
  • 50гр шунка
  • 50гр домати
  • магданос

Подготовка:

Ставете го во длабок сад јајцето промешајте со миксер, додадете ја  водата и повторно добро промешајте. Соединете ги брашното и печивото па додадете ги во садот со останатите состојки, матете се додека не добиете компактна смеса не заборавајте да ставите малку сол по мешањето ставете ја смесата во фрижидер да отстои половина час. По печењето додека палачинката е  сеуште топла се нанесува павлаката, потоа ситно се ренда од сирењето бергардер по целата површина на палачинката, додадете ја и шунката, а палачинката завиткајте ја во ролат. Исечете ја на 4 подеднакви парчиња, ставете ги во чинија и врз секое парче за декорација исечкајте домат на мали коцки, а врз доматите ставете минимално павлака и магданос.

Нека ви е наздравје

Слични написи