ПРОМОВИРАНИ 6 ЛЕТОЦИ НАМЕНЕТИ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ОДРЕДЕНИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

by ugostitelstvo.mk

Шест нови летоци за информирање на потрошувачите за означување на одредени прехранбени производи, во трговскиот центар “Сити мол,” промовира денес Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Станува збор за дел од активностите на Агенцијата за едукација и информирање на граѓаните за прашања кои се однесуваат на безбедноста на храната.
Како што истакна на промоцијата директорот Зоран Поповски, покрај тоа што ги донесува прописите од областа на безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја спроведува и контролата, а неколку години наназад активно реализира и голем број на проекти за едукација на потрошувачите.

2Голем дел од активностите се реализираат во соработка со граѓанскиот сектор кој ни овозможува на најдобар начин да ги конвертираме податоците за истите да бидат јасни, едноставни и прифатливи за граѓаните. Бидејќи означувањето на прехранбените производи претставува значајна информација за потрошувачите преку која можат да направат сопствен избор на производи зависно од нивната здравствена состојба, возраст, физичка активност, верската определба, денес промовираме 6 летоци кои се однесуваат на означувањето на месните, млечните и преработките од риба, како и храната за доенчиња, храната наменета за диети и за спортисти и летокот кој има за цел да ги разјасни заблудите на потрошувачите кои се однесуваат на означувањето на производите – истакна директорот Поповски.

Превземено од: Агенција за здрава храна и ветеринарство

Слични написи