Потпишан е глобалниот туристички етички кодекс на UNWTO

by ugostitelstvo.mk

Со потпишувањето на глобалниот етички кодекс за туризмот на Светската туристичка организација (UNWTO) започна вториот светски конгрес во Загреб за претседателите на здруженијата на туристичките агенции.

Кодексот е потпишан од страна на осум национални здруженија меѓу кои и здружението на хрватските туристички агенции. Целта на потпишување на овој кодекс е зголемување на придобивките од туризмот, а минимизирање на потенцијалното негативно влијание врз животната средина, културното наследство и општествeните заедници ширум светот.

Потпишувањето на овој кодекс беше вовед на тридневната средба на претставници на туризмот од 34 земји. На светскиот конгрес беа вклучени 120 учесници од кои 50 беа претставници од областа на туризмот.

Глобалниот етички кодекс за туризам на UNWTO претставува сеопфатна збирка од начела за водење и развивање на туризмот наменета за владите, приватниот сектор, туристичките заедници и туристите. Кодексот е усвоен во 1999 година од страна на Генералното собрание на Светската туристичка организација кој после 2 години е признаен и од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации. Иако не е правно обврзувачки,  кодексот има доброволен механизам за имплементација преку неговото признавањето од Светскиот Комитет за туристичка етика (WCTE) како независен орган на кој заинтересираните директо можат да му упатат прашања поврзани со документот на оваа организација. Порталот на Министерството за туризам објави дека принципите кои ги покрива овој кодекс се поврзани со економските, социјалните, културните и еколошките аспекти.

Слични написи