Потенцијалот на “Халал” туризмот

by ugostitelstvo.mk

Агенцијата Crescentrating од Сингапур неодамна спроведе истражување со цел да се дознае дали понудата на угостителите во светот е соодветна за муслимаснкиот народ. Оваа агенција е специјализирана за муслимански туризам, а пред извесно време ја објави и листата на најпопуларни светски дестинации за муслиманските туристи.

Листата се темели на истражувањето кое покажа колку внимание е посветено на потребите на муслимаснкиот народ, дали храната е приготвена на муслимански начин и според халал принципите како и дали воопшто местата како трговските центри располагаат со соодветна просторија за молитва.

Според овие и други принципи, Малезија цврсто застана на првото место на листата на халал-дестинации. Во Малезија секојдневно расте бројот на хотели и ресторани кои посветуваат големо внимание на потребите на муслимаснките туристи и располагаат со Halal сертификати.

THAILAND-ASIA-QUAKE-BEACH-MUSLIM-WOMEN

По Малезија, на листата се најдоа Соединетите Арапски Емирати, Турција, Индонезија, Саудиска Арабија, Сингапур, Мароко, Јордан, Катар и Тунис. Земји кои најмалку обрнуваат внимание на халал-туризмот се Белгија, Италија, Ирска и Мексико.

Извршниот директор на Crescentratinga, Fazal Bahardeen, изјавил дека расте бројот на туристички дестинации кои ги исполнуваат потребите на муслиманскиот народ и нагласи дека вредноста на муслиманскиот туристички пазар е секојдневно во пораст. Денеска неговата вредност изнесува 140 милјарди долари, а се очекува до 2020-та година таа да порасне до 200 милјарди долари.

Слични написи