Помалку познати факти за пивото

by ugostitelstvo.mk

После чајот, пивото е најпопуларната пијачка во светот во која уживаме повеќе од 6000 години. Во Македонија годишно се консумираат 27 литри пиво по глава на жител.

Често сме склони да го набљудуваме пивото како обичен, секојдневен пијалок, но малку е познато дека овој хранлив напиток има богата историска, културолшка и социолошка улога. Пивото се добива со ферментација на специјално подготвениот раствор на јачмен со квасец, во кој заради подобар вкус и мирис се додава хмељ. Постоењето на овој освежителен пијалок е евидентиран уште во далечното минато. За него има голем број на историски факти, а се верува и дека најстариот напишан рецепт е токму оној за пивото.

Manje-poznate-cinjenice-o-pivu1-242x300Повеќето археолошки анализи укажуваат на тоа дека за ферментацијата се знаело уште 4000 години п.н.е., а првите пива веројатно се направени во Месопотамија. Затоа, ние сега знаеме дека во пивото уживаме повеќе од 6000 години. Во текот на минатите векови пивото се сметало за суштинска компонента во исхраната на сите генерации, а во текот на последниве неколку децении, најизменично се класифицира и како храна и како алкохолен пијалок. Според античките записи пивото се применувало и во медицината, а се користело и како состојка во фармацевтската индустрија, за подготвка на разни лековити препарати.Знаењето за производство на пивото, кај нас е дојдено од Блискиот Исток. Брзо се проширило од Западна Европа кон северот, каде што се „вдомило“. Поради студената клима која не е поволна за одгледување на винови лози, пивото во рекордно време станало секојдневен пијалок. Дури и денес, се смета за национален пијалок во Чешка, Германија, Белгија, Холандија и Велика Британија. Важна улога во неговото прифаќање имале свештениците кои во манастирите произведувале пиво за себе, па така ти е ја подобриле првичната верзија на оригиналното пиво.

Денес пивото е втор најпопуларен пијалок, после чајот. Чесите се шапиони по годишен број на испиени литри пиво. Тие во просек пијат 156 литра по глава на жител. Македонците пијат речиси 6 пати помалку, односно 27 литри по глава на жител.

Освен уживањето во укинатниот вкус и арома, пивото содржи и многу корисни состојки, хранливи материи и растителни соединенија кои делуваат позитивно врз здравјето на луѓето. Затоа, за многу научници, фокусот на интерес е истражување на врската помеѓу консумација на пивото и превенцијата на болести. Потенцијалните придобивки од умереното пиење пиво се поврзани со здравјето на срцето и крвните садови, коските, намалување на нивото на стрес, како и подобрување на сонот. Во принцип, се чини дека оние луѓе кои умерено пијат пиво имаат подобар здравстевн статус и подолг живот,  а социолошките истражувања покажуваат дека пивото игра важна улога во социјалниот живот и поврзувањето на луѓето.

Сепак, клучен збор за пивото, сè уште е „умерено“, бидејќи со прекумерна доза, алкохолот ги губи сите добри страни и има тенденција да стане деструктивен непријател на психата и телото.

Слични написи