Пиво кое не предизвикува мамурлак

by ugostitelstvo.mk

Главоболка, мачнина и гадење – ова се трите најчести симптоми на мамурлакот, кој се појавува кај сите кои сакаат целовечерни забави. Но, Австралијанците имаат откриено што треба да се додаде во пивото за да се намалат негативните последици на најниско ниво.

Дехидрацијата е главната причина за утринскиот мамурлак по долгата вечер и големата количина на алкохол кој е внесен во текот на ноќта. Алкохолните пијалоци сами по себе го дехидрираат организмот, додека пак пиењето на пиво создава дополнителна потреба од уринирање, што додатно ја намалува количината на вода во организмот.

Австралиските научници од институтот Griffith University Health одлучиле да ја истражат можноста за уживање во горчливиот пијалок без утринските последици, со таа идеја научниците го направиле пивто кое не предизвикува мамурлка.

Во комерцијалното пиво со нормален степен на алкохол и пивото со низок степен на алкохол, тие додале електролити – состојки кои недостигаат во организмот и поради кои се среќаваме со здравствени проблеми како што се дехидрацијата и повраќање.

draft-beer

Ова пиво било тестирано на спортисти по завршување на нивниот тренинг, при што бил измерен степенот на хидратација, односно дехидратација. Истражувањето покажало дека пивото со низок степен на алкохол и додадените електролити е трипати поефиксно споредбено со класичното пиво со истиот додаток.

Она што е најважно во целото истражување, а го потврдија и испитаниците, е тоа дека вкусот на пивото со додавање на електролити останува ист.

Знаеме дека пивото е најпопуларниот пијалок по кој се посегнува по напорните вежби и спортски напори. Најпрво поради овој факт сакавме да направиме истражување за да го намалиме негативниот ефект на алкохолот во човечкиот организам, а на луѓето да им се понуди можноста да ја подобрат хидрацијата на телото.

Ben Desbrow.

Слични написи