Пилешко со зеленчук

by ugostitelstvo.mk

Состојки:

  • 200гр пилешки гради
  • 70гр компири
  • 70гр моркови
  • 70гр дајкон
  • масло
  • сол
  • 50гр путер
  • медитерански зачин
  • 80мл павлака за готвење
  • 10гр шекер

Подготовка:

Пилешкото месо оставете го на собна температура 20 минути, засечете го месото на средина и отворете го, по сечењето ставете го пилешкото на најлонска фолија кое се зачинува само со сол и подеднакво исчукајте го со чеканче. Потоа месото потребно е да се зачини со свежо измелен бибер, внимателно завиткајте го месото во ролат и врзете го за да ја зачувате формата. Ставете го месото во вода и варете го петнаесет минути, додека се вари месото исечете коцки од зеленчукот испржете ги на масло и путер, штом омекнат и ја добијат румената боја ставете ги во сад и поклопете ги за да можат да омекне. Извадете го месото од најлонската фолија ставете го во рерна да се потпече 10 минути на 200 степени. Додека месото се пече подгответе путер, а во истиот додадете медитерански зачин кој подоцна ќе ви биде потребен да го прелиете месото. За подготовката на сосот во 100г густо домашно пире додадете 10мл вода или бело вино, повторно зачинете со медитеранскиот зачин додадете една мала лажичка шеќер, целокупната смеса за сосот оставете ја да врие се додека не ја добиете потребната густина, додека смесата врие додадете ја павлаката за готвење добро промешајте и тргнете го садот од оган. Извадете го месото од рерната, покријте го со алуминиумска фолија и оставете го 10 минути, потоа исечете го на подеднакви парчиња, ставете го месото во чинија и полејте го со сосот, за декорација искористете го зеленчукот.

Нека ви е наздравје

Слични написи