Пет најчести митови за пивото

by ugostitelstvo.mk

За пивото често ќе слушнете  различни верувања, а ова се петте најчести митови за него:

Мит #1„Пивото дебелее“

Често се вели дека  пивото дебелее или пак создава пивски стомак. Но, ако ги земаме предвид енергетските вредности со кои пивото располага, можеме да заклучиме дека тоа не е вистина. За
познатиот „пивски стомак“, големо влијание има количината на пивото и храната која ја внесувате, но и начинот на кој живеете.

Мит #2: „Пивото е богато со глутен“
Главните состојки на пивото, јачменот и пченицата, се природен извор на глутен кој во последните неколку години се исклучува од секојдневната исхрана. Иако, сериозни проблеми предизвкува само кај луѓе кои боледуваат од Целијачна болест (хронична автоимуна болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен), безглутенската исхрана станува многу популарна. Бидејќи пченицата содржи повеќе глутен од јачменот, пченичните пива имаат поголема количина глутен. Наспроти ова, светлите јачменови пива кои најчесто се пијат кај нас содржат многу мала количина на глутен. Имено, во производниот процес, со припремата и варењето на јачменовиот слад, се случува промена и отстранување на протеините. Дополнително, истражувањата покажуваат дека пивото содржи многу мала количина на глутен, па дури некои пива може да се класифицираат и како безглутенски.

Мит #3 „Пивото не е здраво“
Фокусот на интерес на голем број научници е откривањето на многу супстанци кои се појавуваат природно во пивото. Голем број на испитувања покажаа дека умереното консумирање на пиво може да придонесе за спречување на канцерогени заболувања, остеопороза, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и когнитивно оштетување во длабока старост.

Мит #4: „Пивото доведува до губење на течност од телото“
Повеќе од 90% од пивото е вода, според тоа пивото може да се сметка како придонес во дневната доза на течности. Големата кригла пиво содржи приближно 10g алкохол. Консумирањето алкохол допринесува дехидрација во телото односно зголемено лачење на телесна течност. Телото лачи приближно 80 ml поради пиењето пиво, и станува повеќе од 4 dL кои придонесуваат за хидратација на телото.

Мит #5: „Пивото е машки пијалок“
Во текот на изминатите децении пивото било рекламирано како пијалок за мажите но последните истражувања покажале дека покрај мажите, 37% од женската популација со ужива во пивото и сè поголем е бројот на жени кои се вклучени во бизнисот за произвидство на овој пијалок. Како за крај треба да се напомене дека сите овие позитивни карактеристики за пивото манифестира дека треба да се конзумира во умерени количини. За здрави возрасни луѓе количината која треба да се внесува е од 3 до 6 литри пива дневно,а за жените до 3 литри дневно.

Слични написи