Пaмпорово – сончева скијачка атракција

by ugostitelstvo.mk

Планинскиот воздух во Бугарија е различен, а тоа го докажува и високата просечна старост на жителите на Пaмпорово. Бројот на сончеви денови во овој скијачки центар изнесува дури 270 на годишно ниво!

Одморалиштето е приватизирано веднаш по падот на комунистичката влада и голем дел од него е продаден во 2000 година. Пaмпорово има директен пристап до 22 скијачки патеки кои се поврзани со 14 ски лифтови кои можат да пренесат и до 15.000 скијачи на час.

052_001_Pamporovo.jpg

Скијање

Поголем дел од скијачките патеки се прилагодени за скијање и возење даска, но на нив најдобро ќе се чуствуваат почетниците и скијачите кои сеуште ги немаат усовршено своите скијачки вештини. Скијачката област е целосно поврзана со хотелските комплекси и селото со редовна автобуска линија за пренесување на скијачите која е доста ефикасна, но понекогаш и пренатрупана со патници поради големиот метеж.

Скијачките патеки се простираат на надморска висина од 1,450 метри, а неодамна, скијачките лифтови беа модернизирани со четворосед кој дополнително ја олесни работата и го забрза преносот на скијачите. Покрај сите современи принципи на работа, скијачката школа во Пaмпорово беше прогласена за една од најдобрите во Европа, а за тоа најзаслужни се инструкторите кои покрај тоа што се високо квалификувани, зборуваат и по најмалку два странски јазици.

Скијачите со основни скијачки вештини имаат на располагање 5 патеки на кои можат да уживаат, а вкупната должина на истите изнесува 3,1 километри.

Слични написи