Што претставува Бизнис План?
Бизнис планот претставува резиме или биографија на вашиот сегашен или угостителскиот објект што сакате да го направите во иднина. Бизнис планот треба да ги опише деловните идеи, искуството што го имате, планирањето и способноста тоа да го остварите.
Секој добро напишан бизнис план треба во целост да ги содржи следните елементи: намерата, целите на бизнисот, пазарот, структурата на менаџментот како и финансиската исплатливост на бизнисот.
Изработка на Бизнис Планот
Изработката на бизнис планот за угостителски објект не е ни најмалку едноставна работа, за да се изработи бизнис план потребно е пред се добро да се познава угостителското работење како и активностите кои се поврзани со работењето на овој сектор. Во основа бизнис планот треба да ја прикаже детална анализа на работењето што сакате да го воспоставите како бизнис или анализа на постоечкиот бизнис, тоа треба да биде направено според редоследот и со аргументите што се прифатливи за институциите или лицата на кои треба да им се претстави бизнис планот, најчесто кај нас тоа се банкарските инситуции. Исто така бизнис планот е од голема помош за вас лично како менаџер на бизнисот или инвеститор, овој документ во иднина ќе ви биде водилка при реализацијата на вашата идеја.
Секогаш кога ќе започнете нов бизнис ќе се сочите со период од работењето кога ќе морате да застанете на момент и ќе ги погледнете плановите и анализите на кои ви се заснова работењето, ова е нешто слично како кога патувате со автомобил и од време на време ја читате авто картата за да проверите до каде сте стигнале.
Бизнис планот мора да ги содржи проекциите за планираните приходи, расходи и добивката што треба да ја оствари секој бизнис за тој да биде оправдан.
Многу е важно да знаете дека доколку бизнис планот не ви е добро составен нема да можете да “поминете“ кај банката или кај некоја друга финансиска институција или иден партнер, лошо изработен бизнис план остава впечаток на непознавање на работата лоши прогнози несериозност и непрофесионалност.
Доколку пак добро го напишете вашиот бизнис план луѓето од кои вие барате помош или соработка во бизнисот ќе добијат јасна претстава за тоа што сакате да направите, каков бизнис имате замислено со каква динамика ќе се движите и како тоа ќе го реализирате, а тоа ќе ви помогне да оставите впечаток на сериозен партнер и ќе покажете професионалност во работењето.
За информации и консултации:
Regent Club – Training Centerтел. 02 / 3119-615
obuki@regentclub.org