Најскапите ресторани во светот

by ugostitelstvo.mk

 De Librije (Zwolle, Netherlands) $225 по човек

17-DeLibrije-facebook-delibrijeБрачниот пар Jonnie и Thérèse Boer кои некогаш биле вработени во De Librije (тој како готвач, а таа како хостеса и сомелиер) денеска се сопственици на овој ресторан кој го красат три Мишелин ѕвездички и многу признанија за иновативност на нивната кујна. Во овој ресторан можете да уживате во храната почнувајќи од 225 долари по човек, а во цената се вклучени осум мениа во кои можете да додадете кавијар, козјо сирење и црн дроб од гулаб или гуска.

 


Hertog Jan (Bruges) Belgium $388 по човек

вториКако еден од подобрите ресторани, Hertog Jan служи традиционална белгијска храна. Прво на своето мени кое го добиваат гостите е една голтка “Home-made Water” и салата која содржи повеќе од 40 состојки. Кујната е предводена од Gert De Mangeleer кој е најмладиот готвач – носител на три Мишелин ѕвездички заедно со сомелиерот Joachim Boudens кој може со своето познавање да ви помогне совршено да ги измешате вкусовите на храната и виното. Hertog Jan нуди четири мениа со три порции, почнувајки од 90 евра, а најскапото мени е “The Broad Discovery” во вредност од 180 евра или 388 долари, без пијалоците.

Guy Savoy (Las Vegas)  $556 по човек

_guysavoyfoiegras-flickr_Charles-HaynesСо својата професионалност и трите Мишелин ѕвездички Savoy ги има донесено најдобрите вкусови од француската кујна во срцето на Las Vegas. Супата од артичоки и црн тартуф, ладен јастог и многу други екстравагантни вкусови на француската кујна, ќе ве потсетат зошто француските готвачи се толку познати, а мениата во нивните ресторани толку вреднувани. За да можете да уживате во карактеристичното мени на овој ресторан ќе треба да одвоите 258 долари за едно лице, додека пак за специјалното Krug мени на Guy Savoy, кое се послужува во приватна соба, потребни ви се 750 долари по човек.

Kitcho (Kyoto, Japan) $600 по човек

9-kitcho-flickr_Jun-SeitaKitcho, кој се наоѓа во Kyoto, Japan е најскапиот ресторан во светот, носител на Мишелин ѕвездички и прво рангиран на листата за најскапи ресторани во светот за изминатата година. Предводен од наградуваниот готвач и сопственик Kunio Tokuoka, кој го има превземено Kitcho од својот дедо, традиционално за подготовката на храната се користат најквалитетните состојки па како понудената храна така и услуга се на беспрекорно ниво, а за да уживате во Kitcho ќе треба да одвоите 600 долари по човек.


Le Meurice (Paris)  $525 по човек

5-lemeurice-DorchesterCollection

Со своето долгогодишно искуство готвачот Alain Ducasse знае како да ги измеша состојките и да ви понуди мени кое почнува од 550 долари по човек.  Доколку сакате да го збогатите вашето искуство во Le Meurice со еден необичен ручек потребно е да одвоите 168 долари, но сепак тоа е цена во која не е вклучена таксата и пијалоците.

 

 

 

Coi (San Francisco) $440 по човек

_coi2-CoiВнимателно избраните состојките кои се користат во овој ресторан. Готвачот Daniel Patterson приготвува северно калифорниска храна комбинирајки ги класичните со модерните техники на готвење. Покрај двете Мишелин ѕвездички кои ги има ресторанот Coi, а покрај нив ресторанот има и четири ѕвезди кои му се доделени од San Francisco Magazine и признанието за 58иот најдобар ресторан во светот доделена од Restaurant Magazine. Најскапото мени за дегустирање во ресторанот е 165 долари за 12 порции, за да уживате во ова мени потребни се осум или повеќе од осум гости.

Per Se (New York City) $851 по човек

_perse-PerSeОваа елегантна ресторанска сала со поглед на Central Park лоцирана во Time Warner Center, е едно од препорачаните ресторански искуства во Њујорк. Ресторанскиот критичар Sam Sifton го остави како последен објект за кој ја даде критика за американскиот весник The New York Times. По освртот, Sam Sifton на ресторанот Per Se му додели четири ѕвездички, а за стандардите кои му се наменети од страна на Thomas Keller во 2011 година ја доби наградата James Beard Award за најдобра услуга и е прогласен за шестти најдобар ресторан во светот од специјализираниот Restaurant Magazine.

Alinea (Chicago) $693 по човек

_alinea-flickr_xmattПостои сомневање дали обучувачот Grant Achatz кој е во соработка со Charlie Trotter и Ferran Adrià заслужува да биде награден како најкреативниот готвач во Америка. Храната кој се нуди во неговиот ресторан може да ве измами со едноставниот изглед (црн пипер, ванила, лимон), но тоа што можете да го видите е навистина оригинална изведба. Се зборува дека Grant и неговиот партнер Nick Kokonas размислуваат подолго време да го променат концептот во Alinea и покрај отварање на два нови ресторани Next и The Aviary. Но, покрај многуте нови промени дегустирачкото мени во Alinea останува со вредност од 210 долари по човек.

The French Laundry (Yountville, Calif.) $800 по човек 

_alinea-flickr_xmattГлавниот готвач Thomas Keller по превземањето на овој едноставен ресторан ги приближува современата америчка кујна со класичните техники на готвење, а со тоа воведе нови стандарди на вечерање во ресторанот The French Laundry. Во 2012 година, Keller и неговиот ресторан ја примија посакуваната AAA Five Diamond награда. Исто како и Per Se овој ресторан го нуди истото дегустирачко мени во вредност од 270 долари по човек, а вклучува девет ротирачки порции.

 


Urasawa (Beverly Hills, Calif.) $1,111 по човек

_alinea-flickr_xmattОвој Јапонски кулинарски храм кој поседува суши бар и капацитет за само десет личности, се наоѓа во шопинг центарот во непосредна близина на Rodeo Drive. Некои гости Ursava го нарекуваат West Coast version од New York City’s Masa и тоа не е воопшто изненадувачи, бидејќи готвачот – сопственикот на Ursava Hiroyuki Urasawa е обучуван од страна на Masa Takayama пред отворање на неговиот ресторан. Ресторанот Ursava во своето мени кое се менува секојдневно располага со триесет различни порции.

Слични написи