Најдобрите СПА центри и бањи во Македонија

by ugostitelstvo.mk

Ова се најдобрите СПА центри и бањи во Македонија

На почетокот на декември од 2012 година па наваму се избираат најдобрите спа-центри и дестинации во земјава во рамки на манифестацијата Macedonian Spa Awards, која е дел од престижната манифестација во светски рамки Balkan Spa Awards.

Банско, Струмица, е најдобрата спа-дестинација во Македонија за 2012 година. За најдобар хотелски спа-синџир е прогласен ТЦЦ Плаза, најдобар спа-хотел за одмор еВила Александар од Охрид, наградата за спа-хотел на Македонија ја доби Александар Палас, додека спа-центар на годината е Ендомак, Струмица. За најдобар спа-синџир во Македонија прогласени се салоните Силуете.

За спа-дестинација на годината освен Банско, беа номинирани и Гевгелија, Катланово, Штип и Дебар. Членовите на меѓународното жири од Спа-номинации оценија дека иако Македонија има голем неискористен потенцијал, номинираните објекти и фирми се на високо европско ниво и ја ставаат Македонија на европската спа-карта.

grande-calmnes1g

Balkan Spa Awards е патентирана марка за цел свет, која има за цел да ги популаризира земјите од балканскиот регион како посакувани спа-дестинации за странските туристи, да ја унапредува и промовира спа-индустријата пред корисниците на услуги и оние кои работат во секторот. Сопственик на марката е Николај Диковски, претседател на меѓународната организацијата Спа-номинации. Организацијата претставува мрежа од најдобрите спа-експерти, менаџери, сопственици на големи спа-ресорти, а соработува со сите значајни асоцијации за спа и велнес од целиот свет.„Спа-индустријата претставува еден од најпрофитабилните сегменти од туризмот, за кој Македонија поседува огромен потенцијал за развој.

БАЊА БАНСКО Струмица

Бања Банско претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од античко време. Овој објект е одалечен околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица . Откриен е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри.

Термата (бања) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода и.т.н. Бањата ги користела термоминералните води од изворот “Парило“, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот император Каракала (211- 217), кој подигал и обновувал терми низ империјата.

Бања Банско има забележителен капацитет како основа за развој на спа и бањскиот туризам. Водата на Банско спаѓа во групата на наѕтрумско-сулфурни, алкални и азотни  води кои во себе содржат ретки минерали . Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување.

g-7-07

ВИЛА АЛЕКСАНДАР

Охридската населба Рача од пред три години има една од најлуксузните вили во Охрид, вилата Александар. Повратникот од САД, бизнисменот Стојан Димовски, вложувајќи, како што вели, големи пари, решил да направи интимно и луксузно место кое е наменето за тие со подлабок џеб. „Вилата ја уредивме јас и жена ми. Не ангажиравме домашни архитекти, зашто сметаме дека вистински архитект не е тој што не бил подалеку од Скопје“, вели Димовски. Вилата Александар значително се разликува од сите вили во Охрид, кои последниве години почнаа да никнуваат како печурки после дожд. Има два базени, внатре и надвор, ресторан, фитнес-центар, има приватно обезбедување, нуди масажа, а продава и оригинални парчиња од светскиот бренд за луксузна долна облека Викторијас сикрет, па и не е чудно што овде престојувале неколку регионални претседатели и министри, како и гости од светски компании кои последниве неколку години ја посетија Македонија. „Кај нас и чистачките знаат англиски јазик. Идејата ни е да понудиме се што му е потребно на еден гостин. Затоа, сметам дека кога во Охрид ќе се изградат стотина вили како Александар, градот ќе може да биде монденски“, вели Димовски.

ТЦЦ ПЛАЗА

Велнес и спа-центарот ТЦЦ Плаза се наоѓа во склоп на хотелот со пет ѕвезди ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје. Постои повеќе од 5 години и како свои примарни услуги ги нуди фитнесот, базенот и сауните. Модерната и климатизирана фитнес-сала е опремена со најнова опрема за кардиоваскуларни вежби, и опрема за тренирање која гарантира одлични резултити од вашите тренинзи. Висококвалификуваните инструктори се на располагање за помош, консултација и мотивација во секое време, како и изработување на индивидуални финтес-програми. Центарот располага со затворен базен кој нуди можност и за професионално пливање. Тука се и двата вида сауни – инфраред и финската, кои освен што ќе ви помогнат да се ослободите од токсините, ќе го стопат и стресот и напнатоста. Спа-центарот нуди широка палета масажи и козметички услуги изработени од рацете на најдобрите масери, физиотерапевти и козметичари. Центарот има и солена соба.

ДЕБАРСКИ БАЊИ

Дебарската котлина и нејзиниот поширок дел, во кои се сместени и Дебарските бањи Цапа, се карактеризираат со постоење на многубројни минерални и термоминерални води, кои се од посебен интерес за развојот на овој регион. Покрај живописната река Радика и Дебарското езеро, на десна страна се наѓа хотелот Косоврасти, додека на подножјето на планината Крчин, 4 километри северозападно од Дебар, се наоѓа хотелот Бањишт, еден од најстарите бањи во Балканот. Најновите истражувања покажуваат дека овие лековити води се единствени во светот по богатата структура на минерали, и нивните лековити ефекти, и не може да се споредуваат со други. Богати се и со негативни јони на хидрогенот, затоа спаѓаат во категоријата alive waters, води кои имаат магични ефекти. И како да не е сето тоа доволно, Господ им подарил и оптимална температура за човековото тело од 39-40 степени Целсиусови. Хотел и спа Бањишт сместен на надморска висина од 880 метри, е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода и прекрасната храна. Во вкупно капацитет од 126 соби, овој хотел е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и сите медицински простории (април 2012 година).

g-21-03

ЕНДОМАК

Ендомак велнес-центарот, лоциран во Струмица нуди масажа и повеќе различни велнес-услуги што вклучуваат: бодибилдинг, лента за трчање, статичен велосипед, солариум, швајцарски туш, сауна, финска сауна, хидромасажа и хрома терапија. Центартот има и мултифункционален кревет за водена масажа Senso. Душекот е направен од антиалергенска пластика дизајнирана со внимателност и направена со употреба на најновите техники и материјали против стареење. Во душекот постојат оддели за комуникација, дизајнирани што повеќе да го редуцираат брановидниот ефект што го прават движењата на корисникот кој ужива во чувството како да е обвиткан со вода која го покрива целото негово тело. Crystals ,пак, е солен кревет што на корисникот на спа-третманот му дава неколку различни можности за користење (масажа, релаксација, слабеење) и така го максимизира капацитетот на велнес-кабините. Toa е првиот велнес-кревет што на клиентот му овозможи да лежи на уникатната хималајска сол, која може да понуди фантастична релаксација и, истовремено, ги пренесува сите бенефиции од халотерапијата на крајните корисници. Хималајската сол е 100% природна, без адитиви, без супстанци што загадуваат. Нејзините кристали имаат многу висока биоенергетска вредност и ги содржат сите потребни минерали и елементи за човечкиот организам.

Слични написи